Connect with us

Форекс

Роботите на Вол Стрит поуспешни од брокерите!?

Објавено

на

„Wall Street” се повеќе се врти кон роботски аналитичари – компјутерски програми потпомогнати од човечки аналитичари кои работат исто како и луѓето во скапи костуми кои работат на анализи за капитални инвестиции, пренесува „Bankar.rs“.

Според студијата на истражувачите од „Kelly School of Business” на Универзитетот во Индијана, роботите и повеќе од добро се снаоѓаат во однос на своите скапи колеги – луѓето.

Истражувачите испитувале повеќе од 76.000 извештаи за истражување издадени од група роботски аналитички фирми, откривајќи дека портфолиото коешто е формирано од нивните препораки за купување се чини дека ги надминува оние на човечките аналитичари – сугерирајќи дека повиците за вложување им се попрофитабилни.

Покрај тоа, роботските аналитичари заедно произведуваат поизбалансирана дистрибуција на препораки за купување, чување и продажба на акции, за кои истражувачите велат дека се помалку подложни на „предрасуди и судир на интереси“ отколку луѓето.

Робо-аналитичарите, исто така, ги ревидираат своите извештаи почесто од своите човечки колеги, при што тие ревизии помалку се потпираат на најавите за приходи, а повеќе на голема количина на податоци објавени во годишните извештаи на компанијата.

Форекс

Акциите на берза повторно во пораст, еврото со вредност од 61.4977 денари

Објавено

на

По вчерашниот пад на акциите, пазарот на капитал во Северна Македонија повторно доживува раст на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Банката на Англија ја лансираше најбезбедната банкнота досега

Објавено

на

Нова банкнота во апоени од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа банкнота е прогласена за „најбезбедна банкнота досега“. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Пад на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.5157 денари

Објавено

на

Пазарот на капитал во Северна Македонија доживува големи флуктуации, па така акциите кои котираат на Македонска берза еден ден ја зголемуваат својата вредност, а веќе наредниот истата се намалува за одреден процент. По неколкудневниот раст, акциите бележат пад на вредноста, а тоа најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Популарно