Connect with us

Колумни

РОБИН ШАРМА: Секојдневните навики не носат кон големите достигнувања!

Објавено

на

Дали знаете дека големите достигнувања се помалку се должат на вашата генетика и среќа, а се повеќе на вашите ритуали и секојдневни активности? Професионалците не се повеќе надарени од вас – тие само имаат подобра организација на своите дневни навики. 

Според истражувањата на Универзитетот во Лондон, доколку ги пронајдете вистинските рутини и целосно се посветите на истите, за нецели 66 дена истите веќе ќе бидат дел од вашиот карактер и ќе биде многу полесно истите да ги направите отколку да ги одбегнувате.

Секако, мора да запомните дека секоја промена е тешка на почетокот, хаотична во средината и прекрасна на крајот.

Доколку не е комплицирано на почетокот тогаш не би била вистинска трансформација.

Јануари е месец на промени. Месец кога можете да си ветите големи нешта. Кога најмногу од било кога може да верувате во своите соништа и да направите совршен план за нивно остварување. Би било одлично кога веднаш би започнале да работите на заборавање на лошите и вметнување на нови дневни ритуали кои набргу ќе ги претворите во ваши животни навики.

Започнете ја оваа година со мали, но, значајни промени кои ќе бидат дел од секој ваш ден:

#1. Поздрав со добри вести

Верувам дека знаете што всушност се “вампири на енергијата” и колку многу ги имаме во нашето окружување. На светот му треба повеќе поттикнувачи и поддржувачки на човечкиот дух, луѓе кои зрачат со позитивна енергија.

Заклучокот е дека вистинската вредност на нашиот живот на крајот се сведува на влијанието кој сме го имале врз личностите кои сме ги запознале и промените кои сме успеале да ги направиме. Па зошто да не биде ваша секојдневна пракса, кога ќе запознаете нова личност, да го започнете разговорот со супер-добра вест и да ги оставите во подобро расположение од она во кое што сте го нашле?

#2. Ненадеен гест на љубезност

Оваа година бидете најљубезната личност која ја познавате и набљудувајте го вашиот живот. Купете добро вино за персоналот вработен во кујната во ресторан, кој се погрижил да имате совршен оброк. Помогнете им на луѓето на прометните улици. Оставете бакшиш во хотелската соба за вработените кои се задолжени за хигиената – нивната работа е тешка и многу често малку платена. Ретко добиваат пофалби, а тие се сепак “неопеаните херои” за гостинското искуство.

Гледајте се себеси како трговец на љубезноста.. Великодушноста е “противотров” на недостатокот. И запомнете:”Оној кој дава, добива најмногу”.

#3.Рутината на утринската амбиција

Пишувањето ја зголемува убедливоста. Колку повеќе пишувате за вашата визија за оваа година и вашите клучни цели, толку повеќе ќе ја согледувате нивната јасност, ќе ја поттикнете страста и ќе развовате поголеми способности за да ги остварите истите.

Затоа, секое утро, додека светот спие, развивајте ја навиката да ги креирате деталите за она што би сакале да го искусите во наредните неколку месеци. Хипнотизирате ја вашата свесност и останете фокусирани за да добиете резултати кои ќе ви го одземаат здивот. Константно запишувајте ги вашите амбиции.

Запомнете: ”Животот не може да ви го даде она за кое не знае дека го посакувате”.

Колумни

Како перењето на пари влијае врз економиите на земјите?

Објавено

на

Голем број на економски анализи укажуваат на заклучок дека силните институции за финансирање во земјите во развој – како што се банките и небанкарските финансиски институции – се едни од клучните елементи за економскиот раст. Таквите институции овозможуваат концентрација на капиталните ресурси од домашните заштеди – па дури и средства од странство – и ефикасно распределување на таквите ресурси за инвестициски проекти што создаваат одржлив економски развој. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Што е перење пари врз основа на трговија и како финансиските институции се справуваат?

Објавено

на

Една позната изрека гласи: Кога една врата ќе се затвори друга ќе се отвори. За жал ова важи и за криминалците кои сакаат да ги “исперат” своите пари. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

е-KYC отвора ново поглавје во банкарството

Објавено

на

Користењето на мобилното банкарство донесе огромна новина во банкарството и истото со текот на годините се повеќе се зголемува кај секоја возрасна група, но дигиталната автентикација, позната и како електронски запознај го својот клиент (е-KYC), се очекува да отвори сосема ново поглавје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно