Connect with us

Интервјуа

Роберт Тодоровски, КЛИКНИ ЈАДИ: Нарачувањето на храна во компаниите е еден вид тим-билдинг

Објавено

на

Кликни Јади е компанија чија основна дејност е достава на храна и намирници до вашиот дом или канцеларија, улога која е мошне значајна особено во периодот на пандемијата со Ковид-19 и ограничувањето на движењето на граѓаните. 

Околу тоа која била најинтересната нарачка од вработен во банкарскиот сектор, дали повеќе се бара брза храна или луѓето се ориентирани кон здравата исхрана, идните планови на компанијата за ширење на бинзисот во други градови, бројот на лица кои вршат достава и просечното време неопходно за достава, разговаравме со Роберт Тодоровски, Главен оперативен директор во Кликни Јади.

Банкарство: Од кои сектори најчесто имате нарачки?

Роберт Тодоровски: Кликни Јади е идеално решение за повеќето компании и тимови и затоа можам да кажам дека имаме клиенти од практично сите индустрии. Меѓу најбројните секако се банките, ИТ компаниите, како и осигурителните компании, адвокатските канцеларии, нотари, но редовно добиваме нарачки и од други сектори, така што можам да кажам дека кај нас се застапени сите бранши.

Банкарство: Интересна нарачка што сте ја добиле?

Роберт Тодоровски: Со над 300 илјади реализирани нарачки, секако дека имаме и интересни нарачки и ситуации. Последна таква беше пред некој ден кога еден банкар, покрај оброкот, побара да му донесеме и паста за заби. Банкарите често нарачуваат. Тие се доста зафатени, фокусирани на бројки и ним им е многу важно да знаат дека оброкот ќе им стигне навреме. Затоа ни ја доверуваат таа задача нам, бидејќи секогаш може да сметаат на тоа дека ќе им испорачаме топло и навремено во канцеларија.

Банкарство: Брза или здрава храна? Како се храниме за време на работа?

Роберт Тодоровски: И едно и друго. Мислам дека фактор знае да биде и тоа колку е стресен денот, дали сме на почетокот или на крајот од работната недела, а и колку се заглавува во денот со рокови, обврски, проекти. Има растечка свест за здрава исхрана, тоа го забележуваме и на страната на побарувачката и понудата. Меѓу рестораните кои се дел од нашата партнерска мрежа има и специјализирани за здрава храна. Но, и натаму најбарани се меѓународните и домашните брендови за брза храна, како и традиционалната македонска храна, скарата, медитеранските и италијанските ресторани, неретко и кинеските. 

Банкарство: Колку ресторани има на Кликни Јади?

Роберт Тодоровски: Ние секако имаме над 170 ресторани во нашата партнерска мрежа и оваа бројка постојано расте, застапени ни се сите светски кујни, така што имаме решение за сечиј апетит, навики и желби.

Банкарство: Кога ќе бидете застапени и во други градови освен Скопје?

Роберт Тодоровски: Имаме амбициозни планови. Засега би најавил дека услугите на Кликни Јади од ова лето ќе станат достапни и во нашиот најголем туристички центар, Охрид. Интересот е веќе значителен кај повеќе охридски ресторани со оглед на препораките оваа сезона да летуваме дома.

Банкарство: Во компаниите се нарачува поединечно или заеднички?

Роберт Тодоровски: Храната не прави среќни и можам да кажам дека нарачувањето на храна е посебен момент на обединување и еден вид мини-тим билдинг. Ние нудиме и кетеринг за компании во кој што секој вработен може да си нарача оброк по своја желба, секако со однапред определен буџет, ресторан и време на достава определени од страна на администраторот.

Банкарство: Колку е сервисот на Кликни Јади брз, точен, безбеден?

Роберт Тодоровски: Нарачувањето е крајно едноставно и се прави со неколку кликови. Плаќањето може да биде преку картица и во тој случај е администрирано од посебен сајт на нашата банка, или во кеш при достава, така што вашите податоци и пари се целосно безбедни во секој случај. Од аспект на доставата, имаме 60 професионално обучени доставувачи и просечно време на достава од 37 минути. Проценотот на навремено доставени нарачки е високи 97%. Дополнително, на нашата платформа може да си нарачате однапред и да си изберете време на достава во време кое вам ви одговара. Нудиме опција и за бесконтактна достава на храна. Зад нас се 5 години искуство во кои вброивме над 40 илјади корисници во семејството и над 300 илјади нарачки. Така што можам да кажам дека ние сме потполно сигурен сервис за достава на храна со највисоки професионални стандарди во работењето.

Интервјуа

Интервју Милица Весовиќ Денковска: Пандемијата придонесе за промена на навиките и отвореност за нарачки онлајн

Објавено

на

За искуствата од новолансираниот производ IQOS, е-трговијата како клучен аспект од стратегијата на компањата за продажба, особено во екот на пандемијата и позитивното искуство на нивните купувачи од нивната онлајн продавница, разговараме со Милица Весовиќ Денковска од Филип Морис Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Митреска за МИА: Народната банка не може и не смее да дозволи банка да работи спротивно на законската регулатива

Објавено

на

Перцепцијата за банкарскиот систем и довербата во него е основата на којашто тој функционира. Оттаму, објективните и веродостојни информации се исклучително важни за зачувување на неговата стабилност. Ова го истакнува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за МИА, осудувајќи ги шпекулациите, коишто, како што вели, беа пласирани во изминатите неколку недели. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Како ПроКредит Банка #РаботиОдДома

Објавено

на

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Мошне интересно е да се забележи дека светските и европските банкарски корпорации се прилагодуваат на “новото нормално” и применуваат промени во работењето согласно предизвиците кои ги наложува пандемијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно