Странски банки
Рејтинг агенцијата Fitch го намали рејтингот на сите банки кои работат во Русија


Рејтинг агенцијата „Fitch” објави дека го намалила рејтингот на 31 руска банка на издавачи на долгорочни хартии од вредност во странска валута на „Ц“ од „Б“ и дека ги отстранила од следење на изгледот на неисполнување на долговите, т.н. листа на „следење на негативниот рејтинг“ (Rating Watch Negative – RWN).
„Fitch” го намали и краткорочниот рејтинг на руските банки на „C“ од „B“ и ги отстрани од RWN, пренесува агенцијата TАСС. Меѓу банките чии рејтинзи се намалени се Рајфајзенбанк Русија, Гаспромбанк, Алфа-банк, Сбербанк, Тинкоф банка и други.
„Го намаливме рејтингот за одржливост на сите руски банки и ги отстранивме од RWN, што одразува нагло влошување на деловното опкружување за водење банкарски бизнис“, се наведува во соопштението на рејтинг агенцијата „Fitch”.
На 8 март, „Fitch” го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Русија како издавач на должнички хартии од вредност деноминирани во странска валута на „C“ од претходното ниво „B“.
Странски банки
НЕОЧЕКУВАНО – Турската централна банка ги намали каматните стапки на 13%


Tурската централна банка неочекувано ја намали основната каматна стапка за 100 базични поени на 13%, наведувајќи го забавувањето на економската активност. (more…)
Странски банки
Инфлацијата во Велика Британија надмина 10 проценти


Растот на потрошувачките цени во Велика Британија силно забрза во јули, достигнувајќи го највисокото ниво од февруари 1982 година и дополнително го зголемува притисокот врз домаќинствата, покажаа официјалните податоци во средата. (more…)
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје