Connect with us

Анализи

Референдумот и влезот во ЕУ ќе влијаат врз каматите на кредитите

Објавено

на

Откако Народната банка ја намали основната каматна стапка се очекува да дојде и до намалување на каматните стапки кај депозитите и кај банкарските кредити. Ликвидноста на банкарскиот систем е голема, а парите ќе мора да се пласираат во кредити за правни и физички лица. Банкарите забележуваат раздвижување во нивниот сектор и актуелно се бараат добри проекти за финансирање.

По сигналот од НБРМ со спуштањето на основната камата, банкарите велат дека ги  намалиле каматитете за штедните влогови, но и за станбените и потрошувачките кредити. А за повеќе да го кредитираат стопанството им требаат добри проекти.

Податоците на Народната банка пак покажуваат дека кој има, штеди и тоа многу, додека најголем дел од граѓаните се повеќе се задолжуваат. Вкупните депозити достигнаа 5,7 милијарди евра, а вкупните кредити 5 милијарди евра.

За разлика од банкарите, експертите се децидни дека високиот профит на домашните банки произлегува токму од каматната маргина. Банките за штедните влогови на граѓаните даваат ниски камати, а тие пари ги инвестираат во „скапи“ кредити. Велат време е да се размислува да се регулира и каматната маргина. Тоа всушност е разликата меѓу каматите на кредитите и каматите на штедењето, од што банките сега и ги прават најголемите профити. Во моментов, каматмната маргина во земјава изнесува 5% и е на слично ниво со земјите во регионот, но таа разлика е повисока во однос на земјите од регионот. Така автоматски домашните банки би се откажале и од дел од заработувачката која во првата половина од годинава достигна рекордни 90 милиони евра.

„Но кога ќе стигнеме, и дај боже да стигнеме што побргу во ЕУ, секако дека таа маргина и натаму ќе се намалува, но и тоа е под притисок на инвестициите и активностите на банките. Ако работиме само намалување на маргтината, без инвестиции, самите банки би биле помалку профитабилни, но треба да знаеме дека стабилни и профитабилни банки се многу битни за една економија“, вели Антонио Аргир, претседател на Управен одбор на НЛБ банка.

Според него, во земјава и сега е регулирана максималната камата на кредитите, банките не можат произволно да ги формираат каматните стапки. Тие транспарентно ги прикажуваат сите трошоци и клиентот знае колку ќе плаќа и сега и во иднина, за разлика од одредени компании кои нудат кредити преку веб апликации, каде потоа излегуваат скриени трошоци.

По сигналот од НБРМ со спуштањето на основната камата, банките намалија дел од каматите за штедните влогови, но и за станбените и потрошувачките кредити. Кај фирмите бараат добри проекти, но сите заедно бараат стабилност и предвидливост.

 

 

Анализи

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)

Продолжи со читање


Популарно