Connect with us

Криптовалути

Кина го донесе првиот „крипто закон“ кој стапува на сила во почетокот на 2020 година

Објавено

на

Кина го воведува првиот “крипто закон“ во светот којшто ќе ги регулира криптографијата и управувањето со лозинки. Овој закон, којшто беше донесен од одборот на 13. Национален народен конгрес, треба да стапи во сила на 1. јануари 2020 година.

Новата законска регулатива има за цел да ги постави стандардите за примена на криптографијата и управувањето со лозинки. Имено, со него се утврдува улогата на централната криптографска агенција којашто треба да ги води јавните криптографски работи, создавајќи насоки и политики за оваа индустрија.

Нацрт-законот веќе беше објавен во месец мај, во еден кинески весник. Текстот е фокусиран на владиното централизирано управување со лозинките и во него директно не се споменати криптовалутите, иако се фокусира на криптографијата, којашто е клучната компоненета врз којашто се засновани криптовалутите како биткоин.

Според американската инвеститорка Дови Вен, новиот закон ги поставува основите за идната национална кинеска криптовалута, иако сè уште нема службен датум за тоа кога таа треба да биде лансирана.

Во оваа насока кинескиот претседател Џинпинг ја повикал земјта за побрзо усвојување на блокчејн технологијата, истакнувајќи ја важноста за примената на интегрирана блокчејн технологија како клуч за напредокот на технолошките иновации и за трансформирање на индустријата.

“Мораме да ја сфатиме блокчејн технологијата како важен напредок кон независната иновација на основните технологии, да ги разјасниме главните насоки, да ги зголемиме вложувањата, да се фокусираме на многубројните клучни технологии и да го забрзаме развојот на блокчејн и на индустриските иновации“, изјавил кинескиот претседател.

Американската инвеститорка Дови Вен, изјавила дека клучниот потег го претставува развојот на нова криптографија, на хешинг алгоритмите, дури и употребата на технологија којашто ќе биде употребувана во службената правна сфера. Тоа значи дека мора да се следат стандардите при сите енкрипции, во коишто спаѓа и “копањето” криптовалути.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Бесими: Користењето на „крипто валутите“ ќе се уредува со закон

Објавено

на

„Користењето на виртуелните средства со вредност познати како „крипто валути“ ќе се уредува со закон. Во моментов Министерството за финансии заедно со Управата за финансиско разузнавање како и финансиските регулатори и супервизори работат на утврдување на сите аспекти што произлегуваат од овој нов феномен. Решенијата ќе бидат имплементирани во новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими на настанот организиран по повод означување на почетокот на проектот „Зајакнување на капацитетите на Управата за финансиско разузнавање на Република Северна Македонија“, финансиран од Кралството Холандија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Започнува со работа првата крипто-берза во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Првата крипто-берза во БиХ ќе започне со работа на 14 септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно