Connect with us

Кредити

Релаксирано до комфорен дом со новиот „Станбен кредит 3 + 2“ од Охридска банка

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал во своето кредитно портфолио воведува нов станбен кредит со 5 години фиксна каматна стапка.

Имено, со овој кредит, сите клиенти ќе може релаксирано да инвестираат во својот нов конфорен дом, користејќи го новиот „Станбен кредит 3+2“ кој овозможува фиксна каматна стапка во првите 5 години од отплатата на кредитот, и тоа, во првите три години каматната стапка е фиксна и изнесува 3,55%, а во четвртата и петата година е повторно фиксна и изнесува 4.55%. По завршувањето на петата година од отплатата на кредитот, каматната стапка е варијабилна и пресметана врз основа на шестмесечна стапка на Еурибор (Euribor).

Па така, за станбен кредит од 30.000 евра, со рок на отплата од 240 месеци, износот на фиксната месечна рата во првите три години ќе изнесува 181,67 евра, ратата во четвртата и петата година ќе биде повторно фиксна и ќе изнесува 195,73 евра, а месечната рата по петата година ќе изнесува 208,85 евра.

Сите клиенти кои ќе аплицираат за „Станбен кредит 3+2“, за време на промотивниот период кој трае до 31.1.2018 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација.

Со цел постојана грижа за клиентите како и обезбедување дополнителна вредност на сите банкарски производи, Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на клиентите кои ќе аплицираат за „Станбен кредит 3+2“ да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

Повеќе информации за поволностите и понудите клиентите можат да најдат на вебстраницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk и во експозитурите на Банката ширум земјата. 

Кредити

Како да изберете соодветен банкарски кредит, согласно вашите потреби?

Објавено

на

Буџетот е ставка поради која често го ставаме прстот на чело и се прашуваме дали и колку се правилни донесените одлуки – дали да штедиме за некоја цел, потреба, или пак, да побараме „помош“ од банка, во вид на паричен заем. Во денешно време е вистинска реткост поголемите инвестиции да се извршат без некаков кредит. Многумина од нас поседуваат недвижнини, автомобили и слично благодарение на заемите, а најчесто се одлучуваат на тој чекор поради релаксираната отплата која ни ја овозможува отплатата на заемите од Банка. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Поволни онлајн кредити – за сите ваши потреби и желби

Објавено

на

Сите ние имаме потреби и желби кои налагаат долготрајно одрекување и штедење за кое немаме ни време, ни волја, ни дисциплина. Токму затоа тука се брзите онлајн кредити на ФД Монимакс Финансиско како алатка за брзо и краткорочно кредитирање лесно достапна за сите граѓани. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Брз и лесен пристап до финансиски средства, без долги процедури – со Мој Кредит, ново финансиско друштво

Објавено

на

Мој Кредит е ново финансиско друштво кое започнa  со работење на 03.01.2022 година. Понудата на Мој Кредит вклучува широк спектар на кредитни услуги кои на граѓаните и микро компаниите на Р.С.Македонија ќе им овозможат ефикасен, брз и лесен пристап до финансиски средства, без сложени и долги процедури за одобрување и тоа во оној момент кога тоа им е најпотребно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно