Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Рекордна профитабилност на банките во изминатата 2018 година, но странци го собираат профитот

Објавено

на

Банките во земјава за претходната 2018 година оствариле нето-добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната 2017 година е зголемување за 27,4%, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка.

Во Република Северна Македонија функционираат седумнаесет депозитни институции, односно петнаесет банки и две штедилници, од кои мнозинство се акционери од странство. Во земјава, единаесет банки се во сопственост на странски акционери, а преостанатите шест банки или штедилници се подружници на странски банки и институции.

„Во банкарскиот систем преовладуваат банките во претежна сопственост на странски акционери, и тоа во сите поважни билансни позиции. Нивната доминација е најизразена кај кредитната активност (80%) и кај финансискиот резултат (76,5%)“, се вели во извештајот на Народната банка.

Според земјата на потекло на странските акционери, највисоко учество имаат акционерите од Грција и Словенија, чие учество во вкупниот капитал и резерви изнесува 19,5% и 14,8% соодветно.

Од Народната банка објаснуваат дека гледано на ниво на банкарски систем, подобрувањето на показателите за профитабилноста во 2018 година е значително, но доколку се преточи на микро ниво, видливи се изразени разлики помеѓу одделните банки.

„Така, две банки остварија поврат на капиталот и на средствата што се повисоки во однос на банкарскиот систем, кај три банки остварувањата се на ниво на системот, додека девет банки работеа профитабилно, но со резултати под нивото на банкарскиот систем. Само една банка ја заврши годината со загуба од работењето. Ваквите остварувања упатуваат на потреба од преструктурирање на помалку профитабилните банки заради поефикасно ангажирање на капиталот и на средствата за да обезбедат нивна долгорочна стабилност и одржливост. Друга можност е преку консолидација и окрупнување на домашниот банкарски сектор што, според теоретските и емпириски истражувања, позитивно се одразува врз успешноста во работењето преку ползување на придобивките од економијата од обем и ефектот на синергија од спојување на комплементарни операции“, се вели во извештајот на Народната банка.

Анализи

Октомври, месецот на штедење идеален да почнете да размислувате за посигурни пензионерски денови

Објавено

на

Во денешни услови евидентно е дека луѓето живеат подолго и поздраво, така што, со оглед дека се продолжува животниот век, ќе им требаат повеќе ресурси за да можат да живеат квалитетно и во староста. Поради ова, за обезбедување пристоен животен стандард во староста, треба навреме да се размислува и да се преземе одговорен пристап за планирање на својата иднина. Октомври, светскиот месец на штедење, можеби е идеален момент за да го преземете овој чекор и да почнете да штедите за посигурни пензионерски денови. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку милијарди губи Балканот од непријавените работници?

Објавено

на

Регионалниот совет за соработка откри дека економиите од Западен Балкан и натаму се соочуваат со нелојална конкуренција со непријавени работници. Штетите за буџетите се проценуваат на неколку милијарди евра, односно тоа е загубен потенцијал кој може да се искористи за вложувања во инфраструктурата и подобрување на сервисите за компаниите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Предлогот за зголемување на минималната плата да се одмери уште еднаш

Објавено

на

Зголемувањето на минималната плата за 16 отсто што го најави Владата треба да се одмери уште еднаш, велат од Институтот Finance Think. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange