Connect with us

Останато

Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата.

Според податоците на Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, цените на производите и услугите што се користат за лична потрошувачка пораснаа за 1,1 проценти во однос на април.

Храната и безалкохолните пијалоци во просек беа поскапи за 22,7 проценти, отколку во мај минатата година.

Алкохолните пијалоци и тутунот поскапеа за над 0,6 проценти, домување и режиски трошоци за 11,3, мебел, уреди за домаќинство и редовно одржување на стан за 8,1%, здравството за 1,3%, превозот за 30,3%, а комуникациите за 0,8 проценти.

Цените за рекреација и култура пораснаа за 6,3%, образованието за 0,7%, рестораните и хотелите за 8,6%, а останатите добра и услуги за 5,2 проценти.

Облеката и обувките во просек беа поевтини за пет отсто.

Останато

Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок

Објавено

на

Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно