Connect with us

Странски банки

Рекордна загуба за швајцарската централна банка во 2022 година

Објавено

на

Швајцарската централна банка оствари рекордна годишна загуба од 132 милијарди швајцарски франци (143 милијарди долари) во 2022 година, најголема во нејзината 115-годишна историја.

Причината е падот на пазарите на капитал и фиксниот приход што ја погоди вредноста на нејзиното портфолио на акции и обврзници. Негативно влијаеше и зајакнувањето на швајцарскиот франк, пренесува „Reuters”.

Провизорната бројка од понеделникот, која означи пресврт од добивката од 26 милијарди франци во 2021 година, е далеку повисока од претходната рекордна загуба од 23 милијарди франци во 2015 година. Тоа е малку повеќе од годишниот БДП на Мароко.

Во текот на минатата година, девизните резерви на швајцарската централна банка се намалија за 17 проценти, од 945 милијарди на 784 милијарди франци.

Од друга страна, швајцарската централна банка од поскапувањето на златото заработи околу 400 милиони франци, додека од загубата на вредноста на имотот во франци загуби околу една милијарда франци.

Не само што државата нема да добива приходи во буџетот, туку дивиденда нема да добијат ниту акционерите на швајцарската народна банка. За разлика од другите централни банки, таа во Швајцарија е акционерско друштво чии акции се тргуваат на берзата. Околу половина од акциите се во сопственост на државни институции, додека останатите се во рацете на фирми и физички лица.

Странски банки

Банкарскиот сектор се стабилизира, берзите растат втор ден по ред

Објавено

на

На европските берзи утринава цените на акциите пораснаа втор ден по ред, најмногу во банкарскиот сектор, кој закрепнува по серијата мерки на централните банки за стабилизирање на секторот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки за 0,5 процентни поени со цел да ја намали инфлцијата

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) зголеми три клучни каматни стапки, за 0,5 проценти со цел да го намали нивото на инфлацција. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Роберт Кијосаки – човекот кој ја предвиде финансиската криза во 2008 година и колапсот на Леман Брадерс, предвидува слично сценарио и за уште еден банкарски гигант!?

Објавено

на

Колапсот на Silicon Valley Bank (SVB), која прекина со работа во петокот, откако не успеа да собере нов дополнителен капитал, па продаде државни обврзници со големи загуби за да ги исплати клиентите што ги подигнаа своите парични средства, придонесе целиот финансиски сектор да биде нестабилен и стравувањата се дека кризата може да се прошири и во други банки и земји. (more…)

Продолжи со читање

Популарно