Connect with us

Останато

Рекорден пораст на каматните стапки во САД

Објавено

на

Федералните резерви на САД ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за 0,75 процентни поени, во обид да го запрат растот на инфлацијата и прогнозираа побавна економија и зголемување на невработеноста во наредните месеци. Тоа е најголемото зголемување на каматните стапки за американската централна банка од 1994 година, а одлуката е донесена откако неодамнешните податоци покажаа дека не е постигнат голем напредок во борбата против постојаната висока инфлација.

Претставниците на Централната банка, исто така, известија дека ќе ги зголемат каматните стапки уште побрзо, со што ќе ја усогласат монетарната политика со брзата промена во проценките на финансиските пазари за тоа што ќе биде потребно за да се стават цените под контрола.

„Инфлацијата продолжува да расте, како одраз на нерамнотежата на понудата и побарувачката поврзана со пандемијата, повисоките цени на енергијата и општите ценовни притисоци”, соопшти Федералната комисија за отворен пазар, тело за креирање политики на ФЕД.

Комисијата е цврсто решена да ја врати инфлацијата на посакуваното ниво од два отсто.

Потрошувачките цени во САД се зголемени за седум проценти, највисоко ниво од 1982 година.

Во соопштението се наведува војната во Украина и политиката на карантин на Кина како извори на дополнителни инфлациски притисоци. Со тој потег, федералните краткорочни каматни стапки беа зголемени на 1,50 до 1,75 отсто. Надлежните предвидуваат дека каматните стапки ќе се зголемат на 3,4 и 3,8 проценти до крајот на годината во 2023 година, што е значителна промена во однос на проекциите од март дека стапката ќе се зголеми на 1,9 отсто годинава.

Останато

Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија

Објавено

на

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започна етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 година (вторник) започна етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно