Connect with us

Останато

Рекорден историски пад на францускиот БДП од 13,8 отсто во вториот квартал

Објавено

на

Националниот институт за статистички и економски студии – ИНСЕЕ никогаш не забележал ваков колапс на економијата – Франција забележа историски пад од 13,8 отсто од својот бруто-домашен производ (БДП) во второто тримесечје поради епидемијата на коронавирус, покажуваат податоците на „ИНСЕЕ”.

Потрошувачката на домаќинствата, главна компонента на растот, падна за 11 отсто, јави дописникот на од Париз. ИНСЕЕ исто така го ревидираше мерењето на активноста во првиот квартал, кој падна за 5,9 отсто, а не за 5,3 отсто, како што беше претходно објавено. Сепак, шокот е помал од очекуваниот. ИНСЕЕ предвиде пад на активност во вториот квартал од околу 17 отсто во јуни. Во детали, активноста беше намалена од потрошувачката на домаќинствата, главната компонента на растот, која падна за 11 отсто.

Инвестициите паднаа за 17,8 отсто, а извозот за 25,5 отсто. – Негативната еволуција на БДП во првата половина на 2020 година е поврзана со престанокот на „несуштинските“ активности во контекст на ограничувањата воведени во средината на март и почетокот на мај, појаснува Институтот во соопштение. „Постепеното укинување на ограничувањата доведува до постепено продолжување на економската активност во мај и потоа во јуни, по ниската точка која беше достигната во април“, додава ИНСЕЕ.

Најголем квартален пад на БДП на Франција пред кризата со коронавирус е забележан во вториот квартал од 1968 година, под влијание на генералниот штрајк во мај, што беше проследено со враќање од + 8 отсто во текот на летото. Подемот овој пат треба да биде сè поинтензивен бидејќи опаѓањето беше необично: прогнозата на ИНСЕЕ + 19 отсто за третиот квартал, Натаксис прогнозира + 16% отсто и Банката на Франција + 14 отсто.

Останато

Хрватски државјанин измамил илјадници српски претприемачи, но не може да биде казнет!?

Објавено

на

Писма и уплатници што деновиве пристигнуваат на адресите на многу компании во Србија, во кои се бара плаќање за одреден деловен регистар до 15.000 динари, испраќа компанијата зад кој стои Кристијан Грубишиќ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Банките перат валкани пари и никому ништо

Објавено

на

Преку најголемите банки веројатно се испрани две милијарди сомнителни долари, пишува главната уредничка на „DW”, Мануела Каспер-Клериџ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно