Странски банки
Резултатите на „Morgan Stanley” ги разочараа инвеститорите

Американската банка „Morgan Stanley” во вториот квартал од оваа година оствари профит од 2,5 милијарди долари, но тоа е намалување за една милијарда долари во споредба со остварениот профит од 3,5 милијарди долари во истиот период во 2021 година. Вкупниот приход падна за 11 проценти, од 14,8 милијарди долари на 13,1 милијарди долари.
Добивката се намали за неверојатни 29 проценти на 2,5 милијарди долари, или 1,39 долари по акција, од 3,51 милијарди долари или 1,85 долари по акција, пред една година, соопшти банката со седиште во Њујорк во својот најнов финансиски извештај.
Приходите се намалија за 11 проценти на 13,13 милијарди долари од 14,8 милијарди долари колку што беа прикажани една година претходно. Падот на приходите најмногу беше поттикнат од големиот пад од 55% на приходите од инвестициското банкарство.
Резултатите го потврдуваат она што некои аналитичари го предвидоа за „Morgan Stanley”, која раководи со едно од најголемите операции на пазарите на капитал на Волстрит. Одделот за инвестициско банкарство оствари приход од 1,07 милијарди долари во вториот квартал, што е 400 милиони долари под проценките на аналитичарите од 1,47 милијарди долари – инаку помалку во последните недели.
Акциите на банката паднаа за речиси 1 проценти во доцните утрински тргувања, откако претходно достигнаа ново 52-неделно дно од 72,05 долари.
Банките на Волстрит се борат со пад на ИПО и издавање на долгови и капитал оваа година, што е остар пресврт од бумот што доведе до минатогодишните резултати. Промената беше предизвикана од големиот пад на финансиските средства, песимизмот за можна рецесија и руската инвазија на Украина.
Странски банки
First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот. (more…)
Странски банки
Се разгледуваат дисциплински постапки против менаџерите на Credit Suisse!?

Швајцарскиот финансиски регулатор (ФИНМА) објави дека размислува дали да покрене дисциплинска постапка против извршниот директор на „Credit Suisse”, откако втората по големина банка во Швајцарија минатата недела мораше да биде откупена од најголемата швајцарска банка, „UBS”, со цел да се избегне колапс на банкарскиот сектор. (more…)
Странски банки
Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка

Централна банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти, како чекор да обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата, јави државната агенција АТА. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година