Connect with us

Странски банки

Регулаторот на Хонг Конг ја казни Дојче банка поради неточни изјави

Објавено

на

Регулаторот на финансиските пазари во Хонг Конг во четвртокот ja казни филијалата на „Deutsche bank” со 2,45 милиони американски долари за објавување на неточни изјави на своите главни брокерски клиенти за 12 години и одложување на известувањето за својот неуспех до регулаторот.

Комисијата за хартии од вредност и фјучерси (СФЦ) во соопштението наведува дека „Deutsche Securities Asia Limited” издала неправилни периодични изјави во периодот од 2006 до октомври 2018 година, заради дефект на дизајнот на системот на главната филијала.

Филијалата го открила проблемот со системот во август 2018 година, но не го пријавила до регулаторот до февруари 2019 година откако ја заврши внатрешната истрага, се вели во соопштението.

„Задоволни сме што оваа работа, која беше санирана пред три години, ја поставивме целосно зад нас“, рече портпаролката на „Deutsche bank” со седиште во Хонг Конг.

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст од 4,1 на 3,2 проценти

Објавено

на

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2022 година за речиси цел процент, од 4,1 на 3,2 отсто, поради влијанието на руската инвазија на Украина, изјави претседателот на таа меѓународна финансиска институција Дејвид Малпас. (more…)

Продолжи со читање


Популарно