Connect with us

Останато

Регионална конференција “Регулирање на дигитализација на финансиските услуги”

Објавено

на

Штедилница Можности учествуваше на регионална конференција од земјите од Западен Балкан и Источна Европа што се одржа во период од 05-06 Септември во Скопје, под наслов “Регулирање на дигитализација на финансиските услуги – Да функционира за доброто на сите”, во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а како дел од Проектот за иновативност и вклученост во Микрофинансирањето во соработка и поддршка од УСАИД.

На конференцијата учесниците разговараат за процесот на дигитализација во микрофинансирањето и предизвиците со кои би се соочиле регулаторите, супервизорските институции, како и за досегашниот пристап што го имале во однос на оваа тема, резултатите и стекнатите искуства, преку отворени дискусии каде ќе се пренесуваат искуства се со цел подобрување на тековните решенија и градење на поволно законодавно опкружување за микрофинансирањето.

На конференцијата учествуваат најрелевантни претставници и професионалци од небанкарски финансиски институции од областа на микрофинансирање, регулаторните и супервизорските институции,  водечки експерти од поширокиот регион.

Штедилница Можности како дел од оваа конференција учествува и придонесува во процесот на дигитализација  со иновативни финансиски услуги во микрофинансирање.

Останато

Ангеловска: За два месеци 203.605 прегледи на Отворени финансии, транспарентноста останува наш приоритет

Објавено

на

За два месеца платформата Отворени финанси имала 203.605 прегледи од страна на 19 илјади корисници, кои просечно поминувале 7.07 минути, покажуваат податоците на Министерството за финансии. (more…)

Продолжи со читање

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Knigoteka – прва домашна дигитална книжарница

Објавено

на

Македонската компанија Knigoteka е првата домашна дигитална книжарница за продажба на електронски книги каде на едно место може да се најдат изданијата на голем број македонски издавачки куќи. (more…)

Продолжи со читање

Останато

НЕДЕЛА НА ИНОВАЦИИ: Kiimo – македонска апликација за достава на пратки

Објавено

на

Преку апликацијата Kiimo ќе имате можност за достава на пратки додека се движите, шетате или работите во урбана средина, која може да донесе дополнителна заработка и да го реши проблемот на изгубените и недоставени пратки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно