Connect with us

Останато

Регионалната потпретседателка на Светска банка Ана Бјерде во посета на Северна Македонија

Објавено

на

Ана Бјерде, потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, од 29-ти до 31-ви мај ја посети Северна Македонија и се сретна со клучните партнери, вклучувајќи ги и претставниците на владата, приватниот сектор и академската заедница. За време на нејзината посета, г-ѓа Бјерде присуствуваше и на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), организиран од Министерството за финансии, каде имаше воведно обраќање на тема “Макроекономските предизвици во турбулентни времиња”.

„Оваа конференција дава одлична можност да научиме од взаемните искуствата и да размислуваме за тоа како најдобро да се развијат и спроведат ефективни и одржливи политики кои не само што даваат одговор на кризите, туку и ги поддржуваат развојните цели на среден и долг рок“, рече Ана Бјерде, потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија. „Креаторите на политики треба да се погрижат да бидат подобро подготвени за справување со идните кризи како дел од сеопфатниот пристап за поттикнување на отпорен, инклузивен и зелен развој. Министрите за финансии мора да ја балансираат својата посветеност кон фискална одржливост, истовремено штитејќи ги најранливите од штетните и долгорочни влијанија.“, додаде таа.

Во Скопје, г-ѓа Бјерде се сретна со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска- Бежоска. Тие разговараа за тековните предизвици предизвикани од кризата КОВИД-19 и за тековната програма на Светска банка во Северна Македонија, како и за новите можности за поддршка на долгорочните развојни цели на земјата.

За време на тркалезната маса организирана со претставници на приватниот сектор, академската заедницата и невладиниот сектор, г-ѓа Бјерде разговараше за клучните приоритети за економскиот развој на Северна Македонија, како и за предизвиците со кои се соочува приватниот сектор, вклучително и за вештините и учеството на жените на пазарот на трудот, потребата за олеснување на трговијата и овозможувањето зелена и дигитална трансформација за раст на приватниот сектор.

Во текот на своето патување, г-ѓа Бјерде ја посети детската градинка во Волково, заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Волково Александар Стојкоски. Дополнително, таа го посети и Дневниот центар за деца со попреченост во општината Липково, реализиран преку Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Групацијата на Светска банка е долгогодишен партнер на Северна Македонија и нејзините граѓани. Тековната програма на Групацијата на Светска банка во Северна Македонија се спроведува во согласност со Рамката за партнерство на земјата 2019–2023 година, со која се дава поддршка на земјата во нејзините напори за:

  1. подобрување на опкружувањето за динамичен приватен сектор и подобрување на растот предводен од извозот,
  2. зајакнување на човечкиот капитал за инклузивен развој и
  3. градење одржливост.

Останато

Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок

Објавено

на

Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно