Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Криптовалути

Револуција во Премиер лигата: Започна тестирање на плаќање со криптовалути

Објавено

на

Седум клубови од англиската Премиер лига почнаа со тестирање на систем на криптовалути, за кој очекуваат дека набргу ќе го замени традиционалниот начин на плаќање.

Тотенхем, Лестер, Њукасл, Саутемптон, Кардиф, Брајтон и Кристал палас отворија „дигитални сметки“ на интернет трговската платформа.

Биткоин системот ќе им помогне на клубовите и во борбата против фалсификување и препродавање на влезниците и комерцијалната роба.

Криптовалутите немаат физичка форма, односно тие постојат само како компјутерски код.

Клубовите кои го започнаа ова тестирање, очекуваат преминувањето на биткоин системот да овозможи што потранспарентен трансфер пазар.

Компанијата која го започна ова тестирање, eToro, им плати на англиските клубови за да примаат биткоин и го привлече интересот за овој систем во фудбалската индустрија.

„Постигнавме спонзорски договори, но наместо традиционалното плаќање во фунти, им плативме во биткоин. На нив е да одлучат како ќе го искористат“, велат од eToro.

Директорот на Тотенхем, Френ Џонс, рече дека лондонскиот клуб учествува во тестирањето, бидејќи е посветен на технологијата и иновациите, додека во Брајтон очекуваат овој систем да им помогне подобро да го разберат вистинскиот потенцијал кој го нуди оваа технологија.

Последните неколку години милиони инвеститори купуваа биткоини, поради што нивната цена значително порасна, а финансиските експерти сметаат дека криптовалутите се попрактични во трговијата, во однос на традиционалните валути.

Криптовалути

Хакери украле 7.000 криптовалути во вредност од 41 милиони долари

Објавено

на

Хакери украле биткоини во вредност од 41 милион долари од берзата Бајненс, една од најголемите берзи за криптовалути во светот, соопшти компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Серена Вилијамс инвестира во криптовалути!?

Објавено

на

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс на својот Инстаграм профил објави дека има инвестиција во берзата за криптовалути Coinbase. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот забележа највисок раст за една година

Објавено

на

Вредноста на криптоватите, предводена од од најпопуларниот биткоин, драстично се зголеми во последните 24 часа. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange