Connect with us

Домашни банки

РЕБРЕНДИРАНАТА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРОДОЛЖУВА СО УСПЕШНИТЕ РЕЗУЛТАТИ – прокнижи добивка од 22 милиони евра за периодот јануари-септември 2021 година

Објавено

на

Во периодот од 01.01-30.09.2021 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.355,1 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.310,6 милиони денари што претставува зголемување за 3,4%

Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 91,7%. Овој позитивен резултат од работењето, Банката го оствари во услови на постепено закрепнување на економијата од последиците поврзани со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот Kовид-19, при што и понатаму остануваат присутни одредени ризици и неизвесност поврзани со пандемијата. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 14,3% помала во однос на минатата година што главно се должи на помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот (во истиот период минатата година од продажба на преземен имот се реализирани значително поголеми приходи во износ од 931 милион денари, од кои најголем дел е од продаден имот од должниците Технометал Вардар и Прототип ДООЕЛ Скопје).

Покрај тоа, во извештајниот период се забележува намалување на нето-исправката на вредност на финансиските средства, со оглед дека во истиот период од минатата година Банката изврши антиципација на влошувањето на дел од корпоративното портфолио поради состојбата со ковид-кризата, додека во извештајниот период се забележуваат позитивни придвижувања во економијата и во портфолиото на Банката. Согласно тоа, остварената исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа заклучно со 30.09.2021 година достигна износ од 844,5 милиони денари, наспроти 1.258,5 милиони денари во истиот период минатата година.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.514,2 милиони денари и бележат намалување од 8,3% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2021 година изнесуваат 1.820,4 милиони денари, при што бележат минимално зголемување од 0,2% кое е остварено во услови на намалени каматни стапки кај кредитите и депозитите, како и намален обем и каматна стапка кај пласманите во благајнички записи во однос на истиот период минатата година. Планот за анализираниот период е остварен со 94,6%.

Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2021 година изнесуваат 745,7 милион денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 16,4% како резултат на пониска споредбена основа во истиот период минатата година, кога заради прогласувањето на пандемијата и затворањето на земјата значително намалување забележаа активностите на Банката. Планот за анализираниот период е остварен со 117,7%.

Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2021 година изнесуваат 133,7 милиони денари и бележат зголемување од 11,6%. Планот за анализираниот период е остварен со 108%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2021 година изнесуваат 756,4 милиони денари и бележат намалување во најголем дел како резултат на помал износ на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземен имот. Планот е остварен со 101,2%.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2021 година изнесуваат 1.312,4 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3,9%, главно како резултат на зголеменa амортизација по основ на ставање во функција на нов резервен компјутерски центар на Банката и зголемени премии за осигурување на депoзитите. Планот е остварен со 103,8%.

Во периодот од 01.01-30.09.2021 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 2,1 милион денари.

Биланс на состојба

Вкупната актива на Банката на 30.09.2021 година достигна износ од 144.177,4 милиони денари и во однос на декември 2020 година бележи зголемување од 8,7%. Зголемувањето на вкупната актива во најголем дел се должи на зголемувањето на паричните средства и депозити во НБРСМ, кредити на и побарувања од банки, кредити дадени на комитенти и вложувањата во хартии од вредност. Планот е остварен со 104,9%.

Паричните средства и паричните еквиваленти бележат зголемување од 15,5%. Планот е остварен со 113,1%.

Средствата за тргување бележат пораст по основ на купени акции и усогласување на пазарната вредност на акциите.

Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 349,2 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови.

Кредитите на и побарувањата од банки бележат позначително зголемување кое се должи на пласирани депозити во странски банки со рочност над 3 месеци, со цел да се намалат износите на платена негативна камата на средствата во валута ЕУР. Планот е исполнет со 268,8%.

Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 2,2% како резултат на зголемено кредитирање на секторите нефинансиски друштва, домаќинства и држава. Планот е остварен со 100,3%.

Почнувајќи од 01.04.2021 година, ставени се во редовна отплата изложеностите кон физички лица кои беа опфатени со вториот сет мерки заради ублажување на потешкотиите од ковид-кризата од минатата година, додека најголем дел од изложеностите кон правни лица кои беа опфатени со мерките, се во редовна отплата од почетокот на годината. Учеството на изложеностите на правни лица кои и понатаму се под ковид-мерки изнесува 0,18% во вкупната кредитна изложеност на Банката со состојба на 30.09.2021 година.

Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 3,5% како резултат на купени Македонски Еврообврзници, како и купени структурни и континуирани државни обврзници. Планот е остварен со 93,1%.

Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 11,5% и имаат минимално учество во вкупната актива.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 128.029 милиони денари и бележат зголемување од 9,6%. Планот е остварен со 105,7%.

Обврските по кредити изнесуваат 577,5 милиони денари и се минимално зголемени за 0,2% во однос на декември 2020 година како резултат на на нето-ефектот од повлечени средства и отплатени доспеани рати. Планот е остварен со 117,7%.

Домашни банки

Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка

Објавено

на

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија

Објавено

на

Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“

Објавено

на

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)

Продолжи со читање


Популарно