Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ: За компании кои ќе ја зголемат платата на вработените за 100 евра – “гратис” придонеси од државата

Објавено

на

Деновиве во јавноста се шпекулира дека во Владата на РСМ на големо се работи на ребалансот на буџетот со кој придонесите за пензиско и здравствено осигурување за зголемување на платите до 100 евра ќе паднат на товар на државата.

Според нив, една од мерките ќе биде државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25% од просечната плата, односно износи до 100 евра. Оваа мерка ќе почне да се применува од октомври годинава, а со неа се очекува да се оди кон исполнување на ветените таргети од 16 илјади денари минимална плата и 30 илјади денари просечна плата.

Оваа мерка, во детали, би значека дека сите работодавци што досега ги осигурувале вработените на помала сума, а остатокот им го давале во кеш, ако ги зголемат платите до 100 евра, на таа сума ќе плаќаат само персонален данок од 10%. Мерката е предвидено да важи три години, а намерата на владејачката партија е да се поттикне зголемување на платите и пензиската основица и намалување на сивата економија.

Дополнително, се најавуваат и одредени промени на “МојДДВ” за поврат на поголеми средства на граѓаните од платениот данок и велат дека првичните резултати се добри, односно мерката дава резултати за сузбивање на сивата економија. Во првиот месец од воведување на мерката, зголемен е приходот од ДДВ во однос на истиот месец лани.

Анализи

Сите луѓе на министерката – Кој ќе ја советува првата финансиерка?

Објавено

на

Новата министерка за финансии Нина Ангеловска го откри тимот на советници и соработници со кои ќе соработува во текот на нејзиниот мандат. Веднаш стигнаа и првите реакции на дел од експертите кои се пожалија дека некои медиуми погрешно информирале за видот на нивниот ангажман. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банките можат да ги “преживеат” негативните каматни стапки?

Објавено

на

Ширењето на неконвенционалните монетарни политики се заканува дека ќе постави опасни и непредвидливи повратни врски, сметаат финансиските аналитичари од САД кои одблиску ги следат негативните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Телеком ќе дели 26 милиони евра дивиденда – Колку ќе се “офајдат” акционерите?

Објавено

на

Македонски Телеком ќе дели дивиденда од добивката остварена за 2018 година, која овој пат изнесува солидни околу 26 милиони евра. Телекомуникацискиот оператор на акционерите ќе им подели по 18,5 денари по акција. Во сопственичкиот удел на компанијата државата учествува со 34% од акциите со право на глас, a Камени Мост комуникации АД Скопје со 51%, додека пак малцинските акционери заклучно 31.12.2018 имаат удел од 2,7%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange