Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Ребаланс или дисбаланс – Помалку инвестиции, повеќе јавни трошења

Објавено

на

Предложениот ребаланс на буџетот за 2019 година донесе повеќе дилеми околу неговата оправданост, како и во реалоцирањето на предвидените средства за трошење кога веќе проектираните расходи и приходи се поставени речиси на исто ниво како и во досегашната динамика на остварување на буџетот.

Евидентно е дека во последните 8 месеци реализацијата на капиталните инвестиции е на многу ниско ниво од 28%, па така за последниот квартал од годинава на Министерството за финансии му преостанува да ги прераспредели парите од државните „актери“ кои имаат слаба реализација кон други буџетски намени. Тие се во насока на поголемо јавно трошење на парите, односно зголемување на платите во администрацијата и јавниот сектор. Вкупното намалување на капиталните инвестиции со ребалансот е предвидено за 50 милиони евра.

Така за 5% е предвидено да се зголемат платите на здравствените работници. Од друга страна пак, државата сака да ја стимулира и приватната потрошувачка и растот на платите. Преку ребалансот на Буџетот обезбедени се дополнителни 193 милиони за набавка на лекови за ретки болести и инсулин. Истовремено, во Фондот за здравствена заштита обезбедени се дополнителни 660 милиони денари за непречено остварување на правата на граѓаните од здравствената заштита. Владејачката партија смета дека со овие мерки ќе го реализира ветувањето за зголемување на платата на лекарите специјалисти до 100 илјади денари до крајот на мандатот.

Веќе е најавена и нова мерка за субвенционирање на придонесите на доходот за работодавците кои ќе ја зголемат платата на вработените од 1000 до 6000 денари. Ваквата државна интервенција на пазарот на трудот наиде на критики од експертите како Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во кабинетот на Тевдовски, според кого со оваа мерка се „наградува“ сивата економија, односно тие работодавачи кои исплаќаат придонеси на одредена сума на плата, а остатокот им го плаќаат во кеш. За оваа мерка се најавени 6,5 милиони евра со ребаланс на буџетот,

Со ваквите средства делумно се компензира неповолниот ефект за приватниот бизнис сектор од нереализирањето на предвидените капитални инвестиции“, оценува економистот Зоран Јовановски.

Растот на платите постои ризик да предизвика инфлациски притисок, да растат цените поради потрошувачката, без јасни индикации за зголемената продуктивност во работниот процес, предупредуваат економистите. Растот на платите во приватниот сектор ќе предизвика и раст на платите на функционерите и државните службеници кои се пресметуваат во сооднос со просечната плата во Северна Македонија, па така постои ризик и за дополнителен притисок врз државниот буџет.

Во делот на поттикнување на приватниот сектор е и најавата за дополнителни средства со кои ќе располага Фондот за иновации и технолошки развој во износ од 12,5 милиони евра, а со тие пари наместо на 75 ќе им се помогне на 80 компании кои имаат иновативни бизнис идеи.

Според Јован Деспотовски директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), остварен е рекорден број апликации, 487 или два до три пати повеќе од лани кои се доставени на повикот за комерцијализација на иновации, што е една од мерките за поддршка.

За опозијата непростливо е да се крати на капиталните инвестиции и упатени се обвинувања дека актуелната власт нема способност да генерира економски раст. Пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ критикуваше дека на две третини поминати од годината власта има реализирано само 28,2% односно од планирани 422 милиони, реализирани се само 120 милиони и со ова темпо до крајот на годината нема да се стигне ни до половина или 200 милиони евра и тоа е поразително.

Тој нагласи дека катастрофалната реализација на капиталните инвестиции минатата и оваа година е најцврста потврда за неуспешноста на оваа владејачка гарнитура да менаџира на институциите, односно потврда за неспособноста на институциите.

Зинистерка за финансии Нина Ангеловска ова е прв поголем предизвик раководејќи го овој сектор, иако ребалансот во голема мера беше подготвен додека институцијата немаше формално прв човек на кормилото. Таа оправданоста на ребалансот на буџетот пред пратениците ја објасни со тоа дека ќе се обезбедат повеќе пари за повисоки плати во приватниот и јавниот сектор, алоцирање на средства онаму каде што има најголема ефикасност и каде може да се постигнат поголеми економски ефекти.

Поставените цели за 2019 година целосно се насочени во фукција на постигнување на клучните приоритети на опшетсвото. Повисок раст на платите за раст на еконимија, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот страндард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјлана правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Според предлогот вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот буџет, односно е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.

Анализи

Оглас за вработување во Тиго Фајнанс – Специјалист за директна продажба

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од млади и амбициозни професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, потребни им се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Специјалист за директна продажба на терен  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банкарите ќе исчезнат со вештачката интелигенција?

Објавено

на

Напливот на новите технологии за автоматизирање на работните процеси, за употреба на вештачката интелигенција во текот на работењето и опслужувањето на клиенти, како и управувањето со големите бази на податоци, носи голема закана за вработените во банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Која е разликата помеѓу инвестициска банка и комерцијална банка?

Објавено

на

Врз основа на работата извршена од страна на банките, финансиската индустрија е распределена во два главни сегменти, т.е. инвестициски банки и комерцијални банки. Комерцијалните банки се формираат заради склучување трговски трансакции, како на пример легално земаат депозити и позајмуваат пари во форма на кредити на физички лица и корпорации. Од друга страна, се формираат инвестициски банки кои нудат дополнителни услуги на инвеститорите. Работата на инвестициските банки е различна и делува како посредник помеѓу купувачите и продавачите на акции и обврзници, кои им помагаат на клиентите во прибирањето капитал. Додека инвестициските банки заработуваат провизии од успешно завршени зделки, комерцијалните банки заработуваат од камати на издадените кредити на клиентите, како и од провизии за одржување на трансакциски сметки и останати трансакции. Постои тенка линија на разлики помеѓу инвестициските банки и комерцијалните банки, која е детално претставена во текстот подолу. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange