Connect with us

Странски банки

РБС го напушта Лондон поради Brexit!

Објавено

на

Една од најголемите и водечки британски финансиски институции – Royal Bank of Scotland (RBS), е најновиот гигант кој ќе го напушти Лондон, по излегувањето на Велика Британија од Европската унија. RBS поднесе барање за лиценца за банкарски активности во Германија, за да го задржи пристапот до европскиот финансиски пазар.

Банката ја потврди својата намера да ја замени својата постоечка филијала во Франкфурт со нова лиценца, која ќе и овозможи да дејствува како регионален центар. Во моментов, Банката врши регрутирање на експерти за проширување на својот бизнис, вклучително и финансиски професионалци и експерти за локалното регулаторно законодавство.

RBS последнава деценија се насочи кон трансформација од една од најголемите светски банки по пазарна капитализација во значително помал кредитор, фокусиран главно на клиенти во Велика Британија и Ирска. Сепак, Банката ги задржа големиот број на клиенти кои ја користат услугата за инвестициско банкарство во Западноевропскиот регион. Таа продолжува да остварува значителни приходи од девизните плаќања за своите корпоративни клиенти, но голем е бројот на трансакции во евра и за свои потреби.

Претходно, поголем број на финансиски институции со седиште во Лондон го најавија своето заминување од Велика Британија поради Brexit, а Франкфурт станува еден од најпопуларните градови за ново седиште на банкарските и финансиските гиганти.

 

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange