Connect with us

Останато

Раст од 4,8 проценти на кинеската економија во првиот квартал

Објавено

на

Раст од 4,8 проценти бележи кинеската економија во првиот квартал, соопшти Националното биро за статистика (НБС). Но, имаше и предупредување за претстојни „значајни предизвици”, бидејќи новиот бран на коронавирусот ја загрозува амбициозната годишна цел на Пекинг, пренесува „АФП”.

Втората по големина светска економија, веќе ја губеше моќта во втората половина од минатата година, поради падот на пазарот на недвижности и регулаторните мерки.

Но, непопустливиот пристап на Пекинг за нулта-Ковид политика во повеќе градови оваа година ги блокираше синџирите на снабдување и стави во т.н „локдаун” десетици милиони луѓе – вклучително и во економски динамичните градови Шангај и Шенжен, појаснува АФП.

Растот на бруто домашниот производ на Кина е подобар од очекуваното, се наведува во соопштението на НБС.

Сепак, податоците не го земаат предвид разорното влијание на еднонеделната блокада на Шангај.

Ограничувањата поради вирусот, што ги погодија клучните градови во март, ја намалија продажбата на мало, што доведе до зголемување на невработеноста.

Ова го зголемува притисокот врз официјалните лица да ја постигнат целта за целогодишен раст на земјата од околу 5,5 проценти во клучната година за претседателот Си Џинпинг, кој се стреми кон уште еден мандат.

„Мораме да бидеме свесни дека во сè посложена и неизвесна домашна и меѓународна средина, економскиот развој се соочува со значителни тешкотии и предизвици”, истакна портпаролот на НБС, Фу Лингхуи.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно