Connect with us

Странски банки

Раст на профитот на “Saxo Bank” во 2016 година

Објавено

на

“Saxo Bank” го претстави годишниот извештај за 2016 година според кој оперативниот приход  во тој период изнесувал 2,9 милијарди дански круни (390 милиони евра) и бил повисок во однос на 2,1 милијарди дански круни(282 милиони евра) од 2015 година.

Колатералите на клиентите пораснале на крајот на 2016 за скоро 15 милијарди дански круни и достигнале највисоко ниво во износ од 92,3 дански круни во 2016 година, што претставува доказ за довербата на клиентите во банката.

 

Нето добивката за 2016 изнесувала 302 милиони дански круни во споредба со нето загубата од 645 милиони дански круни во 2015, поради влијанието на Швајцарската централна банка во 2015 година кога се откажа од одбрана на курсот на франкот.

 

Стратешки фокус во 2016 година на банката и бил на движење на профитабилниот раст и ширење на базата на клиенти на банката во континуирани инвестиции и развој на понудата на различни пазарни материјали.

 

Задоволни сме од остварените резултати во 2016 година затоа што ја одржуваат нашата посветеност на демократизацијата во тргувањето и инвестирањето кое им овозможува на нашите клиенти учество на глобалните пазари на капиталот, очекуваме и понатамошен раст во работењето во 2017 година, изјави генералниот директор на “Saxo Bank”, Ким Фурне.

 

 

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно