Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Раст на осигурителниот пазар, претставен нов концепт на сеопфатно осигурување

Објавено

на

Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска соопшти дека за осигурителниот пазар минатата година била најуспешна во изминатата декада. Раст има во сите видови осигурување – над 10 проценти раст на продадени полиси и остварена премија од продажба на полиси. Раст е забележан и кај исплатата на штети. Тоа денеска го соопшти претседателот на Советот, Климе Попоски, одговорајќи на новинарски прашања на регионалната актуарска конференција што се одржува во Скопје посветена на концептот на сеопфатно осигурување.

Попоски истакна дека во земјата физичките и правните лица, сепак, се уште не можат да ги препознаат вредностите на осигурувањето, бидејќи не е доволно развиена свеста за постоењето на ризиците.

“Ние во моментов имаме традиционални осигурителни продукти што се посвојствени на поразвиените земји. Овој концепт на „инклузив иншуранс“ во принцип значи креирање едноставни производи со лимитирано осигурително покритие со цел осигурениците да ги осознаат и препознаат бенефитите од постоењето на осигурување и тоа е предвесник понатаму да се префрлат на традиционалните осигурителни продукти, бидејќи еден од проблемите зошто осигурувањето не е развиено на ниво на високоразвиените пазарни економии, бидејќи граѓаните и правните лица се уште не можат да ги препознаат вредностите на осигурување и бидејќи не е доволно развиена свеста за постоењето на ризиците”, потенцира Попоски.

Појасни дека новиот концепт „инклузив иншуранс“, може да даде значаен придонес за натамошниот развој на осигурувањето посебно за земји во развој, за земји што немаат доволно развиен осигурителен сектор.

Оцени дека оваа конференција ќе побуди интерес, пред се, кај друштвата за осигурување да развијат продукти што ќе бидат едноставни, лесно разбирливи, достапни и со прифатлива цена во однос на клиентите.

Новиот пристап користење соодветни и прифатливи осигурителни производи за недоволно пристапни клиенти, со посебен акцент на ранливите категории граѓани, а пред се луѓето со ниски приходи. Сеопфатното осигурување подразбира користење едноставни осигурителни производи што поттикнуваат доверба и транспарентност во осигурување, најчесто со пониски осигурени суми и иновативни методи за дистрибуција.

Осигурување

Дружбата со Винко и Ивце Пивце помина во фантастична атмосфера

Објавено

на

Во саботата Винер Лајф организираше настан од отворен карактер за сите мали и големи деца кои имаа желба да го запознаат малото слатко и харизматично Бувче Винко! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко и Ивце Пивце во Градски парк Скопје!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange