Connect with us

Анализи

Раст на кредитите и депозитите во 2018 година

Објавено

на

Според податоците на Народната банка на Република Македонија забележлив е пораст на кредитите и депозитите за претходната година.

Кредитите во банките во Македонија минатата година забележиле пораст од 7,3%. Кредитирањето е зголемено и кај домаќинствата, но и кај корпоративниот сектор. Во вкупното кредитирање домаќинствата учествуваат со 66,4%, а корпоративниот сектор со 32,3%.

Од вкупните кредити кај домаќинствата, најголем дел се потрошувачки, па потоа станбени и кредитни картички.

Уште поголем раст има и кај депозитите кои забележале зголемување од 10,5%, покажуваат податоците на НБРМ.

Зголемувањето се должи пред се на растот на депозитите во секторот домаќинства чие учество во вкупниот депозитен раст изнесува 88,5%. Раст е евидентиран и кај денарските и кај девизните депозити.

Вкупно во декември депозитите на домаќинствата изнесувале 252,563 милиони денари, додека кај корпоративниот сектор 97,703 милиони денари.

 

 

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Врз основа на членовите 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 31.01.2019 година за свикување на Собрание на акционери, СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Подготвени ли се банките во Македонија за имплементирање на двојазичноста?

Објавено

на

Од моментот на стапување во сила на Законот за јазици, албанскиот јазик ќе добие проширена употреба. Покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните.

(more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банки vs. Финтек компании: Кој ќе победи?

Објавено

на

Дигитализацијата зема се поголем замав, притоа рапидно развивајќи се, но како “FinTech” компаниите се справуваат во споредба со големите традиционални банки?

Додека голем број банки се уште се потпираат на постоечките рачни процеси, многу “FinTech” компании ја прифаќаат моќта на вештачката интелигенција за справување со финансиските предизвици.

“Revolut” и “ClauseMatch”, организираа панел дискусии со водечките “FinTech” компании и банки, каде што ќе се прикажат некои од најновите технологии и ќе се дискутираат иновативни стратегии.

Експертите на панелот ќе разговараат за:

✅ Кој е поблиску до усогласеност – банки или “FinTech” компании?
✅ Улогата на технологијата: Колку може да се автоматизира? Што треба да се автоматизира, а што никогаш не треба да се автоматизира?
✅ Што мислат регулаторите за горенаведеното?

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange