Connect with us

Анализи

Раст на кредитите и депозитите, најмногу кај домаќинствата

Објавено

на

И кредитите и депозитите во јули забележале раст. Податоците на НБРМ покажуваат дека на годишно ниво растот на депозитите е 11,3 %, додека на месечно 1,3 %. Притоа поинтензивен е растот кај корпоративниот сектор. На годишно ниво, пак, поголем придонес кон раст на депозитите има секторот домаќинства.

Растот кај кредитите на месечна основа е 0,4 % што се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Во јули е забележано намалено кредитирање кај корпоративниот сектор. На годишно ниво растот на кредитите изнесува 6,2% и во поголемиот дел 76,3 % е резултат на кредитирањето на секторот домаќинства.

Депозитите на корпоративниот сектор забележуват втор месец по ред раст од 2,3 %. Депозитите кај домаќинствата бележат нагорна месечна и годишна промена од 0,6 и 9% . Притоа поголем придонес имаат депозитите во денари.

Кредитите на домаќинствата во јули имаат месечен раст од 1,1 % и годишен раст од 10 отсто при што поголемиот дел се должи на кредити одобрени во денари.

Најзастапени се потрошувачките и станбените кредити кои во јули забележаа раст кој е 1,3 % кај потрошувачките и 1,5 % кај станбените. Годишниот раст кај потрошувачките е 11,2 % и 16 % кај станбените.

Автомобилските кредити на месечно ниво забележале намалување од 0,5 %, но раст на годишно ниво од 0,7 %.

Кај кредитите одобрени на кредитините картички нема промена на месечна основа, додека на годишна  основа бележат намалување од 1%.

Анализи

Се поголем е бројот на банкари – милионери!

Објавено

на

Банките се едни од најпрофитните организации, како во светот, така и во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?

Објавено

на

Со цел утврдување на статусот на жената во општеството, Банкарство спроведе истражување на тема ,,Жените во Управните одбори на банките во Република Северна Македонија”. Истражувањето ја опфаќа процентуалната застапеност на жените во Управните одбори на банките во Македонија, па за таа цел беа анализирани сите банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange