Connect with us

Останато

Раст на инфлацијата во Србија, зголемување за 15 проценти за една година

Објавено

на

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 проценти во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 проценти, објави Републичкиот завод за статистика.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, октомвриската инфлација во однос на декември 2021 година забележа раст од 13,5%, се наведува во соопштението.

Цените на енергентите продолжуваат значително да ја „туркаат” инфлацијата нагоре. Така, струјата, гасот и другите горива се поскапи за 19,2% во однос на лани во октомври, додека цврстите горива – јагленот, пелетите и дрвото се поскапи за 48,9%. За една година храната е поскапена за 23,9%.

Меѓу „рекордерите” по поскапувања се млекото, млечните производи и јајцата, за кои официјалната статистика наведува дека поскапеле за цели 39,6 отсто.

Потоа следи поскапување на рибата за 25 отсто и лебот и житариците со поскапување од 23,5 отсто.

Зеленчукот за една година поскапел за 22,3 отсто, кафето, чајот и какаото со поскапување од 21,7 отсто, а месото е поскапено за 19,3 отсто.

Услугите за сместување во хотелите се поскапи за 37,1%. Реалната станбена кирија е повисока за 27,3 проценти, а средствата за одржување на станот се поскапени за 23,3%, додека медицинските услуги (неболничките) поскапеле за една година за 13%.

Поправката на мебелот, осветлувањето и патосниците за 12 месеци бележи раст на цените од 18,5 проценти, додека употребата и одржувањето на возилата поскапено е за 15,1%, а горивото и мазивата за патнички возила поскапеа за 17,5 проценти.

Споредено со ланскиот октомври, поевтини се, исто како и во август и септември – само услугите за авиопревоз на патниците- за 0,2%.

Потрошувачките цени во октомври годинава, во однос на септември 2022 година, се зголемени во просек за 1,9%, се наведува во соопштенеито.

Во октомври најмногу на месечно ниво пораснале цените на рестораните и хотелите, за 4,1 отсто, потоа храната и безалкохолните пијалоци (3,5%), облеката и обувките (2,2%), опремата за стан и тековното одржување (1,7%) и домувањето, водата, електричната енергија, гасот и други горива (1,5%).

Останато

Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Објавено

на

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Досега за најдобрите македонски е-трговци гласале повеќе од 4.000 гласачи

Објавено

на

За само неколку денови повеќе од 4.000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – “Ecommerce Awards 2022”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Изборот за најдобрите е-трговци се организира по втор пат токму со цел да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно