Connect with us

НБРМ

Раст на депозитите и на кредитите во мај 2021 година

Објавено

на

Депозитите во мај имаат месечен раст од 1,2%, додека кај кредитите растот е 0,8 проценти. Податоците на Народната банка на годишно ниво покажуваат дека депозитите забележале раст од 7,1%, а кредитите од 5,6 проценти.

Од Народната банка наведуваат дека растот кај депозитите е поизразен кај корпоративниот сектор, додека кај кредитите растот е позабележителен кај секторот домаќинства.

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемија за 3,4 отсто во споредба со претходниот месец. Растот речиси целосно произлегува од зголемените депозитни пари, при позитивно влијание и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад кај останатите компоненти. Годишниот раст од 16 отсто во најголем дел е резултат на повисоките депозитни пари, при помал, но позитивен придонес и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на корпоративниот сектор, во мај, бележат раст од 0,8 отсто на месечна основа, пред сè заради зголемените кредити одобрени во денари. На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 2,1 отсто и се одраз на повисоките кредити во денари и странска валута, со поизразено учество на денарските кредити.

Во мај, кај вкупните депозити на домаќинствата е остварен месечен раст од 0,4 отсто, којшто во најголем дел се должи на зголемените краткорочни депозити во странска валута, при позитивно влијание и на депозитните пари, краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај долгорочните депозити во денари. Годишната стапка на раст изнесува 4,8 отсто, како резултат на повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти.

Кредитите на домаќинствата, овој месец, забележаа месечно и годишно зголемување од 0,8 отсто и 8,8 отсто, соодветно. Кредитите во денари имаат поголем придонес кон нагорната промена на месечно и годишно ниво.

НБРМ

Нацевска на Светската недела на инвеститорите бизнис-ангели: Финтек-компаниите се заинтересирани за развивање и понуда на нови услуги во платежната сфера – се работи на регулативата

Објавено

на

Преку Портата за иновации на Народната банка согледуваме дека финтек-компаниите се заинтересирани за развивање и понуда на нови услуги во платежната сфера. Тие може да го олеснат управувањето со паричните средства на компаниите, коишто се водат на платежни сметки кај повеќе даватели на платежни услуги, преку следење во реално време на состојбата и извршените трансакции. За таа цел, ќе требно да се воведе концептот на т.н. „отворено банкарство“, којшто подразбира воспоставување стандарди за отворена и сигурна комуникација. Народната банка работи на изготвувањето соодветен подзаконски акт со кој ќе се пропишат стандардите за отворена и сигурна комуникација, усогласен со стандардите коишто се применуваат во Европската Унија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЕК со највисоки оценки за монетарната политика и Народната банка во Извештајот за напредокот

Објавено

на

Во Извештајот на Европската комисија (ЕК), во којшто на годишна основа детално се оценуваат политиките и напредокот во реформите на секоја земја кандидатка или потенцијална кандидатка за членство во Европската Унија, дадени се позитивни оцени за монетарната политика и Народната банка на Република Северна Македонија. ЕК оценува дека од аспект на монетарната политика, усогласувањето со европското законодавство е во напредна фаза, а  се истакнува и дека за време на корона-кризата, централната банка успеа да ја одржи финансиската стабилност, како и да овозможи простор за значителна кредитна поддршка за граѓаните и компаниите. Во Извештајот се нагласува и исклучителната важност на независноста на централната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Денот на европската статистика: Сите одлуки треба да се темелат на квалитетни статистички податоци

Објавено

на

Квалитетните статистички податоци се основа за носење издржани одлуки и политики, особено во време на голема неизвесност, како што е онаа предизвикана од пандемијата. Сите одлуки поврзани со монетарната политика, финансиската стабилност, или супервизорските активности се засноваат на обемно портфолио статистички податоци. (more…)

Продолжи со читање



Популарно