Connect with us

НБРМ

Раст на депозитите и на кредитите во март 2021 година

Објавено

на

Во март вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,4%, со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 5,2 проценти. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства”.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 1,0% и 8,1 проценти, на месечна и годишна основа. Анализирано по валута, кредитите во денари имаат поизразен придонес кон нагорната промена на месечно и годишно ниво, но дополнителен позитивен придонес имаат и кредитите во странска валута. Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст за 1,1% соодветно, како и годишен раст од 6,7% и 13,1%, соодветно. Кај автомобилските кредити, овој месец, е остварен пад за 1,5 и 14 проценти, на месечно и годишно ниво. И кај кредитите одобрени на кредитни картички, овој месец, е забележан пад на месечна и годишна основа, за 1,0% и 8,9%, соодветно.

Во март, негативните салда на тековните сметки се зголемија за 2,3% на месечно ниво, а на годишно ниво тие се намалени за 1,5%. Кредитите одобрени врз други основи, во март, бележат месечен и годишен пад од 0,7% и 5,8%, соодветно.

Кредитите на корпоративниот сектор, во март, се повисоки за 0,7% на месечно ниво, главно како резултат на кредитирањето во странска валута, а позитивен придонес имаа и кредитите во денари. Во споредба со истиот период минатата година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 2,1%, во целост како резултат на растот на кредитите во странска валута.

Во март 2021 година, паричната маса бележи месечен раст од 0,9%, којшто главно се должи на повисоките депозитни пари, при
дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти. Годишната стапка на раст изнесува 9,4% и во најголем дел е резултат на зголемувањето на депозитните пари, при позитивно влијание и на краткорочните депозити и готовите пари во оптек, а во услови на остварен пад кај долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити во март се повисоки за 0,7% на месечна основа, со поголем придонес на депозитите на корпоративниот сектор, при помал, но позитивен придонес и на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 7,4%, при речиси еднаков раст на депозитите кај двата сектора.

Во март, вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечно зголемување од 0,2%, целосно под влијание на краткорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај останатите компоненти. На годишна основа, депозитите на домаќинствата се повисоки за 5,2%, како резултат на зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при забележан пад кај останатите компоненти.

Во март, кај вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан месечен раст од 1,7%. Нагорната промена, во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, при помал раст и кај долгорочните и краткорочните депозити во денари, во услови на пад на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута. Годишната стапка на раст изнесува 12,9%, главно под влијание на повисоките депозитни пари, при дополнителен позитивен придонес и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај останатите компоненти.

НБРМ

Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Објавено

на

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Комитет за финансиска стабилност: Финансиската стабилност е задржана

Објавено

на

Финансискиот систем во земјава е стабилен, и покрај продолжената ескалација на геополитичките тензии создадени со воената инвазија на Русија врз Украина, како и глобалните предизвици поврзани со енергетската криза и високите стапки инфлација. Сепак, во услови на зголемена неизвесност уште повеќе е нагласена потребата за темелна процена на ризиците, соодветно управување со ризиците и натамошно градење капитал заради обезбедување поголем капацитет на финансиските институции за апсорпција на ризици. Надлежните регулатори координирано ги следат состојбите и се подготвени брзо да делуваат, да ги приспособуваат политиките во согласност со случувањата и да ја задржат финансиската стабилност којашто е приоритет. Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност, на којашто се разгледаа најновите движења во финансискиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Хрватската куна ќе може да се разменува на домашниот девизен и менувачки пазар заклучно со 31 декември 2022 година

Објавено

на

Согласно одлуката на Советот на ЕУ за приклучување на Хрватска кон евро-зоната на 1 јануари 2023 година, хрватската куна ќе биде официјално парично средство заклучно со 31 декември 2022 година. Имајќи предвид дека хрватската куна е дел од Курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, средниот курс за денарот во однос на хрватската куна ќе се објавува заклучно со Курсната листа којашто ќе биде формирана на 30 декември и која ќе важи на 31 декември 2022 година (Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка на Република Северна Македонија, Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 224/22 и 227/22). (more…)

Продолжи со читање

Популарно