Connect with us

НБРМ

Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во февруари 2021 година

Објавено

на

Во февруари вкупните депозити на годишна основа се зголемени за 7,1%, при речиси еднаков раст на депозитите кај двата сектора. На годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од 4,4 проценти. Нагорната промена е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес кон растот на секторот „домаќинства”.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5% и 7,1 проценти, на месечна и годишна основа. Анализирано по валута, кредитите во денари имаат поизразен придонес кон нагорната промена на месечно и годишно ниво. Според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст за 0,6 и 1,2 процента при годишен раст од 6 и 12,7%. Кај автомобилските кредити, овој месец, е остварен пад за 3,3 и 13 проценти, на месечно и годишно ниво.

Кредитите одобрени на кредитни картички, во февруари, бележат месечен и годишен пад од 2,3 и 9,2%, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 1,5 и 9,3% на месечна и годишна основа. Кај кредитите одобрени врз други основи, овој месец е забележано месечно и годишно намалување од 1 и 6,7 проценти.

По падот во јануари, паричната маса во февруари 2021 година, оствари месечен раст од 0,8% што во најголем дел се должи на повисоките депозитни пари при помал раст и кај краткорочните депозити, а во услови на пад кај долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек. Во февруари, годишната стапка на раст забрза достигнувајќи 9,7% и главно произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, при пад кај долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити во февруари се повисоки за 0,9% на месечна основа, во најголем дел како резултат на зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства”, при умерен раст и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити се зголемени за 7,1%, при речиси еднаков раст на депозитите кај двата сектора. Вкупните кредити бележат месечен раст од 0,4 проценти, додека на годишна основа се повисоки за 4,4%. Нагорната промена на месечно и годишно ниво е под влијание на зголеменото кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари, се зголемени за 0,5% на месечно ниво. Притоа, растот во најголем дел е резултат на зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, во услови на пад кај долгорочните депозити во денари. Анализирано на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се повисоки за 13,7 проценти, заради растот на депозитните пари и краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Во февруари, кредитите на корпоративниот сектор бележат месечно зголемување од 0,3%, при речиси еднаков раст на кредитирањето во денари и странска валута (малку поизразен кај кредитите во денари). На годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се повисоки за 1,4%, во целост како резултат на растот на кредитите во странска валута.

Кај вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, е забележан месечен раст од 1,3%, кој во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, при помал раст и кај краткорочните депозити во странска валута. Во споредба со истиот период претходната година, овие депозити се зголемени за 5,2%, во целост под влијание на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити во странска валута, во услови на пад кај останатите компоненти.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно