Connect with us

Форекс

Раст на вредноста на еврото во втората половина на 2017?!

Објавено

на

Откако новата американска администрација им укажа на европските монетарни власти дека заедничката валута е “потценета преку секоја мерка”, финансискиот пазар стравува од глобална валутна војна.

Bank of America Merrill Lynch, исто така процени дека еврото е потценето во однос на американската валута, земајќи во предвид многу фактори кои ги вклучуваат каматните стапки, јавните финансии и куповната моќ. 

 

Стратегот на Global G-10, Атанасиос Вамвакидис, вели дека постојат две причини поради кои е потценето еврото, особено во однос на доларот. Првата е тоа што инвеститорите имаат тенденција да купуваат долари поради очекувањата дека Трамп ќе настапи со голем стимулативен фискален пакет. Од друга страна Европската централна банка ја задржува лабавата монетарна политика, што може да има домино ефект правејќи го доларот и доларската актива барана инвестиција.

 

Веруваме дека изгледите за еврото, во краток рок, не се добри, бидејќи очекуваме дека американската администрација ќе настапи со фискални стимули. Меѓутоа во втората половина од годината, еврото ќе почне да зајакнува, посебно затоа што се очекува ЕЦБ да ја заостри својата монетарна политика“, изјави Вамвакидис.

 

Форекс

Централниот депозитар за хартии од вредност и додели плакета на Македонска берза во знак на благодарност за досегашната соработка

Објавено

на

Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје оваа година прославува јубилеј од две децении постоење на македонскиот пазар на капитал. По тој повод, на Македонската берза ѝ беше доделена плакета во знак на благодарност за досегашната блиска и успешна соработка помеѓу овие две, комплементарни институции. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во септември?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2021 година вкупниот промет изнесува 615.657.953 денари и е намален за високи 78,01% во однос на претходниот месец август. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

ТУРСКАТА ВАЛУТА ТОНЕ ВО ДУПКА БЕЗ ДНО, Ердоган повторно направи чистка во централната банка

Објавено

на

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смени тројца членови на Одборот за монетарна политика на Централната банка и на нивно место назначи двајца нови членови, по што националната валута – лирата достигна рекордно најниско ниво. (more…)

Продолжи со читање



Популарно