Connect with us

Странски банки

Раст, иновации и предизвици на банкарскиот сектор во Обединетите Арапски Емирати

Објавено

на

Обединетите Арапски Емирати забележаа постојан економски раст во последните шест години. Годишниот раст на домашниот производ од 2010 година е на ниво од 4,4%, со кулминација во 2012 година кога се забележува раст од 7,2%.

И покрај големите предизвици со кои се соочува поради паѓање на цената на нафтата, силната економија, која ја карактеризира оваа земја, отвора многу можности за банкарската индустрија.

Соочени со макроекономски промени, банките во ОАЕ успеаја да постигнат она што многумина од нивните колеги во други земји се обидувале, а тоа е, задоволство на клиентите.

Последен забележан доверлив индекс, објавен во декември 2016 година од страна на ОЕБ Банкарска федерација (УБФ), покажува дека речиси ¾ испитаници го оценуваат своето искуство со банка како “многу позитивно”.

H.E. Абдул Азиз Ал Гураир, претседател на УБФ, изјави: “И покрај економската нестабилност, овој доверлив индекс покажува дека перцепцијата за банкарскиот сектор ОАЕ е здрава и стабилна. Припремата на индустриите за идни трендови е приоритет на Банкарската федерација на ОАЕ. Исто така, нè радува фактот што индустријата работи на остварување на позитивен ефект и на дигитализацијата “.

Банката која дефинитивно остави трага во полето на дигитализација е Емирати NBD. Неодамна оваа финансиска институција претстави значајни измени на својот “мејп” сервис. Сега е овозможено користење на нивните банкомати и мобилни апликации за пренос на пари било каде во ОАЕ. Притоа, оваа услуга може да ја користат сите, не само клиентите на банката, при што само треба да имаат мобилен телефон. Корисниците на оваа услуга ќе примаат порака со ПИН за еднократна употреба, која ќе им овозможи авторизација при подигање на наведената сума од најблискиот NBD банкомат.

Суво Саркар, шеф на секторот за население и управување со средствата во банката, рече: “Работна оптимизација на дигиталните услуги, преку банкомати и мобилни уреди, им овозможува на корисниците да подигаат или испратат пари, за оние кои можеби немаат отворен влог или достапни картички”.

Сигурно е дека пред банкарската индустрија во ОАЕ има големи предизвици, кои треба да се совладаат за да остварат понатамошен раст во 2017 година. Еден од нив е и неизвесноста што моментално владее во националната економија. Обединетите Арапски Емирати работат на тоа да ја направат својата економија разновидна, за да осигураат одржливост во т.н. “Пост-нефтна” ера.

Како и во другите растечки и развиени економии, банките во ОАЕ се соочуваат со сложени регулативи. Тоа беше една од темите на најновиот состанок на УБФ со директорот на Бордот, кои разгледаа имплементацијата на Меѓународните финансиски сметководствени стандарди 9 (МСФИ 9) и нивното влијание врз банкарскиот сектор.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange