Connect with us

Сметки

Растот на приходи од прогресивен данок помал од севкупниот ефект?

Објавено

на

Според досегашните достапни статистички податоци износот на собрани средства во државната каса се зголемил за околу 16%, но бизнис заедницата потенцира дека засега нема показатели на што точно се должи ова зголемување. Дали како резултат на повисоките даночни стапки според прогресивното оданочување или пак затоа што се зголемил обемот на работа?

Стопанската комора на Македонија презентираше податоци за иницијалните ефекти од данокот на личен доход, а ја прикажа и состојбата во компаниите со спроведена анкета за влијанието на прогресивното оданочување врз работењето на фирмите.

Тоа што беше истакнато е дека се отвораат сметки во соседството, во Србија и Бугарија каде стапката за личен доход изнесува 10%, па така треба да се види севкупниот ефект врз економијата по воведувањето на прогресивниот данок.

„Бараме државните институции да приберат податоци колку од вработените во периодот од воведувањето на повисокиот персонален данок отвориле сметки во земјите од соседството во Србија, Бугарија и Косово. Така ќе се види колку од планираните пари кои требаше да бидат собрани во Буџетот не завршиле таму“, истакна Анита Димовска од СКМ.

Прогресивните стапки може да влијаат за зголемување на даночната евазија, особено доколку се зголемува бројот на отворени нерезидентни сметки на македонските даночни обврзници. Како предизвик е наведена и намалената конкурентност поради повисоките стапки кои ги одредува данокот на личен доход, особено со данокот кој ја одредува цената на трудот и на работната сила на пазарот.

„Во првите седум месеци од 2019 година од данок на личен доход реализирани се приходи во износ од 10.313 милиони денари, што во споредба со истиот период од 2018 година кога се реализирани 8.895 милиони денари, претставува зголемување за 16,0%. – Ако се анализираат приходите врз основа на кој доход е наплатен данокот, во првите седум месеци од 2019 година најголемо зголемување на наплатата има кај: приходите од имот и имотни права (закуп и подзакуп) од 62,9%, потоа кај приходи од земјоделство и шумарство 62,7%“, посочи Димовска.

Иако растот од 9,4% на приходите врз основа на доходот од работа (плати и други лични примања) е релативно низок, во споредба со растот од другите видови приходи, истиот е исклучително значаен бидејќи неговото учество во вкупните приходи од данок на личен доход е околу две третини. Во првите седум месеци од 2019 година остварени се дополнителни 1.418 милиони денари приходи врз основа на доходот од работа. Од јавно достапните податоци не може да се утврди колкав дел од растот се должи на воведувањето на стапката од 18%, а колкав дел се должи на растот на платите и на вработеноста.

„Кај приходите по основ на данокот на личен доход од капитал растот е 3,5%, а кај приходите од капитални добивки забележан е пад на наплатата од -37,7%“, информираше Анета Димовска.

Според анкетата направена во Комората, 23% од вкупниот број анкетирани фирми се произнесоа дека зголемувањето на стапките на данокот на личен доход влијаело на промена на нивните деловни одлуки и тоа во насока на одложување на планирани активности за реновирање на објекти, намалување на трошоците преку намалување на бројот на вработени и зголемување на цените на услугите заради зголемените трошоци за плати и надворешни соработници, што е особено истакнато во ИКТ секторот.

Сметки

БАНКАРСКИОТ ДЕДО МРАЗ ги изненади пензионерите, исплата на пензии пред нова година!

Објавено

на

Банките во Македонија, за да придонесат кон поубави Новогодишни празници за највозрасната група на граѓани, донесоа одлука БАНКАРСКИОТ ДЕДО МРАЗ да ги изненади своите клиенти пензионери со предвремена исплата на декемвриските пензиии. (more…)

Продолжи со читање

Сметки

Роџер Федерер е жива легенда, неговиот лик отсега и на швајцарските монети

Објавено

на

Швајцарија најави дека ќе направи нови монети со ликот на повеќекратниот грен слем шампион Роџер Федерер кој и со своите полни 38 години сеуште е еден од најдобрите тенисери во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка од денес воведува провизија за водење на девизни сметки

Објавено

на

НЛБ Банка преку соопштение објавено на веб страната на банката ги информираше клиентите дека започнувајќи од 01 ноември имплементира нови провизии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно