Connect with us

Останато

Расте цената на златото достигнувајќи 8-годишен максимум

Објавено

на

Цените на златото пораснаа речиси на највисокото ниво во последните осум години, поттикнати од зачестените нови случаи на Ковид-19 вирусот низ светот кои ја задушуваат надежта за скоро опоравување на економијата.

На физичкиот пазар цената на унца злато порасна за 0,6 отсто, на 1,778.20 долари, највисокото ниво од октомври 2012 година. На американскиот пазар цената на златото во терминските договори е зголемена за 0,7 отсто, на 1,794.30 долари за унца.

Побарувачката по племенитиот метал ја поттикна загриженоста поради новите случаи на зараза со коронавирусот. Токио извести за најголем број новорегистрирани случаи на зараза во текот на еден ден од 5 мај, а Германија пријави 712 нови случаи.

Во САД бројот на нови случаи скокна минатата недела за 25 отсто, а во Јужна Америка бројот на смртни случаи поврзани со ковид-19 надмина 100 илјади, според пресметките и анализите на Ројтерс.

Водечкиот американски виролог д-р Ентони Фаучи кажа во Конгресот дека следните две недели ќе бидат клучни за обидите да се одржи контролата над ширењето на вирусот.

Медиумите во меѓувреме известија дека Европската Унија размислува за можноста да го забрани влезот за американските државјани при отворањето на границите на 1 јули.

„Сите стравуваат од втор бран зараза со коронавирусот, не само во САД туку и во Јужна Америка, Бразил, во Русија, и тоа го поддржува скокот на цената (на златото)“, вели Јигар Триведи од индиската брокерска компанија Ананд Рати шерс.

„Луѓето очекуваат централните банки да усвојат пакети за поттикнување, а колку ќе биде повисока нивната вредност, толку ќе бидат подобри изгледите за златото“, додава Триведи.

Централните банки низ светот веќе ја зголемија вредноста на мерките за поттикнување, задржувајќи ги воедно клучните каматни стапки на ниско ниво за да ги ублажат последиците на пандемијата во економијата.

Инвеститорите во такви услови сакаат да се обезбедат од јакнење на инфлацијата и пад на вредноста на валутите па засилено купуваат злато, чија цена годинава порасна за повеќе од 16 отсто.

 

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно