Connect with us

Форекс

Растат акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.5525 денари

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Тетекс АД Тетово, кои забележаа раст од високи 4,20 проценти. Акцијата на текстилната компанија Тетекс АД Тетово последниве денови е крајно флуктуирачка, еден ден расте, веќе другиот ден губи значаен дел од својата вредност поради објавата за престанокот со работа.

Пораст имаше и кај акциите на Макпетрол АД Скопје од 1,02%, како и кај Алкалоид АД Скопје чии акции пораснаа за 0,49%.

Минимален пораст на вредноста на акциите забележаа и Гранит АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Македонијатурист АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.5525 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.8090 денари, британската фунта изнесува 73.9458 денари, додека пак швајцарскиот франк е 57.8447 денари.

Форекс

Македонска берза: Новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност

Објавено

на

Македонската берза е загрижена за понатамошното функционирање поради новата Уредба за примена на Законот за трговските друштва пред се во делот на забраната за одржување на годишните собранија на акционери на компаниите за време на вонредна состојба. Оваа Уредба ќе донесе многу негативни последици за компаниите чија вредност на акциите драстично се намалува од ден во ден, но и за акционерите кои нема да добијат дивиденда во очекуваниот период или уште полошо и воопшто да не добијат дивиденда. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Нов колапс на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.6950 денари

Објавено

на

Исто како што е времето во март, крајно променливо и непредвидливо, такво е и движењето на МБИ10 индексот на Македонска берза. Само два дена траеја позитивните вибрации и пролетното „зеленило” кај акциите кои котираат на нашата берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Пролетно „зеленило” на Македонска берза, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Со денови акциите на најголемите македонски компании кои котираат на Македонска берза ја губеа својата вредност најмногу поради кризата која ја предизвикува вирусот Ковид-19 познат како коронавирус. Светските берзи бележеа големи загуби, а таа разорна слика се пренесуваше и на нашата берза. (more…)

Продолжи со читање

Популарно