Connect with us

Останато

Рамо до рамо со светските брендови – Линеа

Објавено

на

Македонскиот бренд Линеа, уште од далечната 95та година ги освојува светските пазари. Достапен во над 10 европски земји како што се Русија, Хрватска, Србија, Австрија, Босна, Италија.. Линеа се поуспешно застанува рамо до рамо со големите светски брендови.

Во средата, беше организиран коктел настан во еден од продажните салони на Линеа (на Рекорд) каде гостите уживаа во пријатната атмосфера и прекрасната колекција Лето 2018.

Она кое би го издвоила како уникатност кога станува збор за нашиот бренд, е тенката линија меѓу моменталниот тренд и безвременската мода, прекрасните дезени посебно изработени за брендот, врвните материјали.. парчињата на Линеа едноставно не се дизајнирани да бидат сезонски. Целта ни е еден ден вашите керки да уживаат во истите како да се нови – вели главниот моден дизајнер, Славица Басаровска.

Беспрекорност, уникатност, квалитет – тоа е она што го опишува македонскиот моден бренд Линеа. Достапен во над 10 европски земји, се поуспешно успева да ја доближи светската модна сцена до македонската дама.

Парчињата облека на Линеа се аполутен Must have во гардароберот на секоја софистицирана дама. Тоа се парчиња кои зрачат, кои зборуваат доволно гласно, за вашиот карактер да биде комплетен.

Во прилог можете да погледнете дел од атмосферата на коктелот и дел од новата колекција на брендот Линеа.

Инстаграм @linea.mk

Криптовалути

GDPR и Блокчејн: Дали новата регулатива за заштита на податоци на ЕУ е закана или поттик?

Објавено

на

Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR), широка и строга правна рамка на Европската унија (ЕУ) за приватноста на личните податоци, стапи на сила на 25 мај. Подготвени или не, оваа рамка драстично ќе го трансформира бизнисот во било кој дигитален потфат. Меѓународната асоцијација на професионалци за приватност (IAPP) предвидува дека како резултат на тоа ќе бидат создадени најмалку 75.000 работни места за приватност и дека глобалните 500 компании од Fortune ќе потрошат близу 8 милијарди долари за да осигураат дека се во согласност со GDPR. Но, што значи ова за блокчејн? (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

3 причини зошто блокчејн технологијата се користи за заштита на податоците

Објавено

на

Лесно е да се изгубат од вид потенцијалните бенефиции и слабости на секоја нова технологија кога возбудата ќе достигне ниво на треска на начин што го има со блокчејн. Според истражувањето на пазарот на трансакции, глобалниот пазар на блокчејн технологии ќе чини 20 милијарди долари до крајот на 2024 година. Има огромен потенцијал да ги намали трошоците, особено за финансиските институции, поради што Гартнер сугерира дека додадената вредност на блокчејн ќе се зголеми на 176 милијарди долари до 2025 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Cashback World и РК Вардар ја продолжуваат успешната заедничка соработка

Објавено

на

Меѓународната куповна заедница – Cashback World и ракометниот клуб „Вардар“ продолжуваат со градењето на успешната приказна со повеќекратни придобивки за сите. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange