Connect with us

Форекс

Раководителот на Сектор за управување со средствата во КБ Прво Пензиско Друштво со коментар за случувањата на светските финансиски пазари

Објавено

на

Фактот дека коронавирусот COVID-19 стана глобална закана придонесе за слободен пад на берзите во месец март. Судејќи според развојот на финансиските пазари, вирусната инфекција влијаеше практично на целиот свет, а интензитетот на падот на светските берзански индекси е еден од најголемите во историјата на светското берзанско работење. За да се ублажат негативните влијанија врз економијата, владите и централните банки презедоа релативно одлучни чекори кон фискален и монетарен стимул, што до денес, немаше голем ефект, со оглед на одговорот на финансиските пазари.

Централната банка на САД – ФЕД ја намали клучната каматна стапка двапати оваа година и сега таа е практично нула, а Европската централна банка воведе бројни стимулативни мерки на последниот состанок. Земјите кои се најпогодени од вирусот веќе најавија финансиски мерки за да ги ублажат ефектите на економијата предизвикани од вирусот.

Се очекуваат координирани фискални мерки во областа на намалување на даночните оптоварувања, бескаматни кредити на компаниите па дури и директна распределба на пари која станува реалност во САД. Ова значи дека секој Американец (со исклучок на најбогатите) ќе добие чек што треба да му послужи за непосредна потрошувачка, а со тоа и за стимулирање на економијата. Владата на РСМ заедно со Централната банка објавија сет на мерки за подршка на економијата од големиот удар кој почнува да го нанесува коронавирусот и прогласувањето на вонредна состојба.

И покрај фактот дека сите овие мерки се подготвуваат со цел да се забрза економското закрепнување по успешно сузбивање на ширењето на коронавирусот, финансиските пазари во моментов се полни со конфузија и неизвесност. Факт е дека ефектите од мерките ќе се почувствуваат подоцна, кога ќе се смири ситуацијата во врска со ширењето на вирусната инфекција.

Во актуелната состојба, клучно е да имаме предвид дека и во минатото, повеќе пати сме биле сведоци на слични падови на светските финасиски пазари, но пазарот секогаш се враќал на претходните нивоа – и ги надминувал.

Затоа, во вакви околности важно е да бидеме убедени дека при долгорочно инвестирање како што е инвестирањето во пензиски фондови, времето работи во наша корист. Ова би значело дека колку е подолг периодот за инвестирање толку е поголема веројатноста за остварување на очекуваниот принос.

Тимот на КБ Прво Пензиско Друштво е составен од професионалци со долгогодишно искуство од областа на инвестирањето и управувањето со ризици кои на дневна основа ги следат сите светски и домашни движења на пазарите. Портфолијата на Фондовите со кои управува Друштвото се диверзифицирани во различни инструменти се со цел заштита на средствата и раст на истите.

Форекс

Доларот падна по две недели раст

Објавено

на

Доларот ја намали својата вредност во однос на корпата на валути, по двенеделен раст, во претпазливо тргување бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираното ширење на коронавирусот во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.
(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Инвеститорите воздржани, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 повремено ги дестабилизираше акциите на котираните друштва на Македонска берза, бидејќи кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемуваше и неизвесноста. (more…)

Продолжи со читање

Популарно