Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Која е разликата помеѓу инвестициска банка и комерцијална банка?

Објавено

на

Врз основа на работата извршена од страна на банките, финансиската индустрија е распределена во два главни сегменти, т.е. инвестициски банки и комерцијални банки. Комерцијалните банки се формираат заради склучување трговски трансакции, како на пример легално земаат депозити и позајмуваат пари во форма на кредити на физички лица и корпорации. Од друга страна, се формираат инвестициски банки кои нудат дополнителни услуги на инвеститорите. Работата на инвестициските банки е различна и делува како посредник помеѓу купувачите и продавачите на акции и обврзници, кои им помагаат на клиентите во прибирањето капитал. Додека инвестициските банки заработуваат провизии од успешно завршени зделки, комерцијалните банки заработуваат од камати на издадените кредити на клиентите, како и од провизии за одржување на трансакциски сметки и останати трансакции. Постои тенка линија на разлики помеѓу инвестициските банки и комерцијалните банки, која е детално претставена во текстот подолу.

Што всушност е инвестициска банка?

Инвестициска банка претставува финансиска институција која се занимава со посредување во издавањето хартии од вредност и со тргување со хартии од вредност за сметка на своите клиенти, како и во свое име и за своја сметка. Инвестициските банки помагаат при иницијалната продажба на хартиите од вредност на примарниот пазар, а се јавуваат и во улога на брокери и дилери кои вршат тргување со хартиите од вредност на секундарниот пазар. За разлика од комерцијалните банки, овие банки не примаат депозити и не издаваат кредити.

Терминот банка за инвестиции се користи за да се дефинира финансиска институција која извршува сложени финансиски трансакции. Овие банки ги поврзуваат големите корпорации со инвеститорите. Банките им служат на своите клиенти на повеќе начини како помош на владата и корпорациите при издавање хартии од вредност, помагање на инвеститорите во купување акции, обврзници и обезбедување на советодавни услуги. Банките ги остваруваат своите приходи со наплата на такси за неговите советодавни услуги. Понатаму, трговскиот бизнис на банката е предмет на добивка или загуба. Овие банки играат клучна улога во помагање на компаниите или владата да донесат добро планирани одлуки и да соберат средства лесно. Услугите обезбедени од инвестициска банка се дадени во рамките на:

-Преземање на хартии од вредност

-Подигање на капитал

-Управување со средства

-Управување со богатството

-Советнички услуги

-Соединување и стекнување

-Помагање на компаниите во изготвување почетна јавна понуда

Што всушност е комерцијална банка?

Терминот комерцијална банка се однесува на деловна единица која се занимава со обезбедување банкарски и финансиски услуги за јавноста како целина. Во претходните времиња, не постоеше таква институција каде луѓето можат безбедно да ги депонираат своите пари или да земат заем. Своите пари ги депонираа во поштите. Подоцна се развиваат банки кои работат како банкар на сите граѓани во земјата. Комерцијалните банки се во сопственост на јавно или приватно лице или од комбинацијата на двете. Банките помагаат во мобилизацијата на заштедите низ економијата.

Банките прифаќаат депозити од граѓаните на земјата со номинална каматна стапка и ги користат тие пари за кредитирање на населението или стопанството, притоа наплаќаат повисока камата за кредитите отколку што даваат за депозитите и со тоа остваруваат добивка. Покрај ова, еден од најголемите извори на приходите на банките е провизиите што ги наплатуваат за нудење разни услуги на граѓаните и компаниите. Разновидниот опсег на услуги што ги даваат комерцијалните банки се:

-Прибирање на депозити

-Кредитирање

-Извршување на трансакции во платниот промет во земјата и странство

– Одржување на трансакциски сметки и штедни книшки

-АТМ услуги

-Картично работење

 

-Мобилно банкарство

-Електронско банкарство

ОСНОВА ЗА СПОРЕДБА

ИНВЕСТИЦИСКА

БАНКА

КОМЕРЦИЈАЛНА

БАНКА

Значење Инвестициска банка се однесува на финансиска институција, која нуди услуги како преземање на хартии од вредност, брокерски услуги и сл. Комерцијална банка е банка која обезбедува услуги како прифаќање на депозити, позајмување пари, вршење на разни видови трансакции…
Понуди Специфична услуга за клиенти Стандардизирана услуга
Поврзано со Специфична услуга за клиенти Економски раст на нацијата и побарувачка за кредит
База на клиенти Само неколку стотици Милиони
Банкар за Поединци, Влади и корпорации. Сите граѓани
Приход Надоместоци, провизии или профит од трговски активности Провизии и приходи од камати

Клучни разлики помеѓу инвестициската банка и комерцијална банка

Основната разлика помеѓу инвестициската банка и комерцијална  банка се прикажани подолу:

Финансискиот посредник формиран за давање инвестиции и советодавни услуги на компаниите е познат како инвестициска банка. Комерцијална банка е банка основана да обезбедува банкарски услуги за пошироката јавност.

Инвестициската банка нуди специфична услуга за клиентите, додека комерцијалната банка нуди стандардизирани услуги.

Базата на клиенти на комерцијална банка е релативно повисока од инвестициската банка.

Инвестициската банка е поврзана со перформансите на берзата, додека економскиот раст и кредитната побарувачка влијаат врз стапката на камата што ја наплатува комерцијалната банка.

Инвестициската банка е банкар на поединецот, владата, корпорациите и сл. Од друга страна, комерцијалната банка е банкар на сите граѓани на земјата.

Инвестициската банка ги остварува своите приходи од такси и провизии. За разлика од комерцијалната банка, која генерира приходи од камати и провизии.

Анализи

Оглас за вработување во Тиго Фајнанс – Специјалист за директна продажба

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од млади и амбициозни професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, потребни им се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата:

Специјалист за директна продажба на терен  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали банкарите ќе исчезнат со вештачката интелигенција?

Објавено

на

Напливот на новите технологии за автоматизирање на работните процеси, за употреба на вештачката интелигенција во текот на работењето и опслужувањето на клиенти, како и управувањето со големите бази на податоци, носи голема закана за вработените во банкарскиот сектор. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Дали македонските компании знаат да привлечат топ кадар?

Објавено

на

Бизнис заедницата се почесто говори дека се соочува со недостиг на квалификувана работна сила, дека образовниот процес затајува да обезбеди кадар со вештини кои се потребни на пазарот на труд и дека флуктуацијата на работниците е се поголема поради миграциските процеси, но и незадржувањето на една работна позиција на подолг рок. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange