Connect with us

Осигурување

„Раздвижи го срцето“ со Осигурување Македонија

Објавено

на

Што значи да се биде дел од една осигурителна компанија? Да си дораснат на предизвикот да уживаш доверба кај другите луѓе. А за тоа треба да имаш отворено срце кое ќе ги разбере луѓето, нивните потреби и проблеми. Токму затоа Осигурување Македонија постојано посветува големо внимание на  лична одговорност, отвореност и разбирање со постојани активности и практики во полето на општествената одговорност.

Еден таков настан, кој веќе станува традиционален, е интерна добротворна трка „Раздвижи го срцето“ која се одвива на скалите од висококатница на компанијата веќе две години по ред. Кoнцептот на оваа трка има три аспекти:

  • едниот е практикување на здрави навики како трчање кое го зајакнува организамот – особено срцето,
  • другиот аспект е хуманиот, каде што победниците ги донираат своите награди за добротворни цели
  • третиот е скокоткањето на срцата на сите присутни на овој настан каде што се зацврстува солидарноста, поддршката и заедништвото.

И оваа година, исто како лани, „Раздвижи го срцето“ се одржа на 11 октомври, а патеката е составена од  275 скали на 12 ката. Секој учесник одредува хумана цел на која го посветува своето достигнување и се бори за тоа, трчајќи за најдобар резултат. Избрани беа 8 институции на кои ќе им биде разделен наградниот фонд, а тој исто така баше збогатен и со лични донации од останатите вработени. Натпреварувачите беа бодрени и мотивирани од своите колеги, пријатели и роднини, а присуството на децата од VIG KIDS кампот, кои довикуваа и ракоплескаа ја возвишија целата атмосфера на вистинско празнично ниво.

Во наредниот период победниците ќе ги посетат лично добитниците на донациите и ќе се запознаат со нивната работа.

Добитници на донациите:

  • Дневен центар за лица со церебрална парализа-Прилеп
  • Центар Мајка Tереза – Гевгелија
  • Ретвитни оброк
  • Фондација Рето Надеж – Скопје
  • Сумнал – Здружение за развој на ромската заедница во Македонија
  • ДСУ за образование и рехабилитација Искра –Штип
  • Прва детска амбасада Меѓаши
  • Маца Овчарова – Велес

Ова е уште еден во низата проекти од програма на компанијата наречена  „75 ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ОСТАВАТ ИМПАКТ НА ЗАЕДНИЦАТА“ преку кои целта е да се покаже што значи да си одговорен граѓанин на нашата земја и уште повеќе одговорен вработен на една компанија која секојдневно ја практикува одговорноста како вредност.

Осигурување

АД Осигурителна полиса вработува!

Објавено

на

Национална групација за осигурување АД Осигурителна Полиса АД Скопје, објавува оглас за работно место- Референт за ликвидација на штети. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк осигурување вработува!

Објавено

на

Сакате да работите во една од најдобрите осигурителни компании во Македонија? Поседувате вештини за продажба и сакате да постигнете повеќе?

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на крајот од третото тромесечие ја потврдува прогнозата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите девет месеци од оваа година Групацијата Триглав реализираше 69,9 милиони евра добивка пред оданочување, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Имајќи ги во вид предвидените можности до крајот на годината, ја потврдува прогнозата за планираниот годишен резултат. Во однос на истиот период од минатата година, во дејноста осигурување остварен е раст на премија на сите пазари и во сите сегменти на осигурување (неживотни, животни и здравствени осигурувања), а зголемен е и опсегот на средства на клиентите со кои се управува. Во 2018-та година Групацијата продолжува со спроведување на својата стратегија на раст и развој, со што се поврзани и активностите кои Групацијата ги превзеде оваа година. Надзорниот одбор на друштвото, на  Андреј Слапар, Претседател на Управата, му довери петогодишен мандат и ги потврди мандатите на членовите на Управата, Урош Иванц и Тадеј Чороли. Триглав Осигурување Скопје, членка на групацијата Триглав, третиот квартал оваа година го заврши со 11% повисока бруто полисирана премија (18,5 милиони евра) во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange