Кредити
Развојна банка објави јавен повик за бескаматни кредити за трговски радиодифузни друштва


Развојна банка, денес објави јавен повик за кредитната линија за бескаматни кредити за трговски радиодифузни друштва за директно кредитирање со каматна стапка од 0% доколку бележат пад на приходите или негативен финансиски резултат во 2020 година. Вкупниот расположлив фонд за оваа кредитна линија изнесува 1 милион евра.
Поднесувањето на кредитни барања ќе започне од 08 јули 2021 година, од 09:00 часот, и ќе се одвива електронски, на е-маил адреса дадена во јавниот повик. Поднесувањето на кредитните барања е предвидено да трае 30 дена.
Трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс- период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.
Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50% од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде ,,прв дојден, прв услужен”.
Со објава на јавниот повик се започнува реализацијата на мерка број шест од шестиот пакет економски мерки кој го донесе Владата на Република Македонија.
Кредити
Со мали дела до големи заштеди на енергија и пари со кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка и ЕБОР


Со мали дела постигнете големи резултати. Кредитот за енергетска ефикасност на Комерцијална банка, како дел од GEFF програмата на Европската банка за обнова и развој (EБОР), Ви овозможува инвестиции во енергетски ефикасни решенија за намалени трошоци за енергија и грант до 20% од инвестицијата. (more…)
Домашни банки
Промотивнa кампања за НЛБ кредитите за физички лица – без трошоци за одобрување и проценка до крајот на јуни


Промотивната понуда за кредити на НЛБ Банка продолжува и во текот на месец јуни, кога за сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ Кредитите се овозможени низа промотивни поволности. (more…)
Кредити
Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан”


Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан”, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје