Connect with us

Останато

Развиена апликација која открива лажни пари и пресметува камати

Објавено

на

Миодраг Пенчиќ, дипломиран инженер по електроника и програмер, разви корисна апликација за Андроид телефони што може да ја пресмета банкарската камата, но и да открива фалсификувани банкноти.

 

Неговата апликација се користи во повеќе од 120 земји.

“Како што паметните телефони стануваат сè популарни и раширени, идејата беше да се направи пресметка на каматите преку апликација на смартфон, имајќи предвид дека телефонот секогаш ни е при рака“ – вели Пенчиќ.

Апликацијата може бесплатно да се преземе од Google Play продавницата. Bнесени се и каматните стапки што важат за Македонија и земјите во регионот: Хрватска, Словенија, Црна Гора, Република Српска, Федерацијата Босна и Херцеговина.

За да се добие прецизна пресметка, потребно е редовно да се ажурира апликацијата, бидејќи на тој начин се внесуваат најновите објавени каматни стапки.

Во откривањето на фалсификувани банкноти, оваа апликација функционира на тој начин што кога ќе го внесете серискиот број на банкнотата, добивате информација дали е фалсификат или оригинал.

Извор: bi.mk

Останато

Неделен економски преглед на Република Северна Македонија [11 – 15 февруари]

Објавено

на

Министерството за финансии на Република Северна Македонија го објави неделниот економски преглед за периодот од 11 февруари до 15 февруари 2019 година.

Во него можете да прочитате за следндиве активности:

✔️ Стапката на инфлација во јануари 2019 година изнесува 1,2%.
👉 http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/4.1.19.14.pdf

✔️ Прометот во индустријата во декември 2018 година се зголеми за 6,1% на годишно ниво, а кумулативно во 2018 година е повисок за 12,5% во однос на минатата година.
👉 http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/6.1.19.07.pdf

✔️ Продажните цени на производителите на индустриски производи во декември 2018 година забележаа годишен пад од 0,8%, а кумулативно во цела 2018 година се повисоки за 0,9% во споредба со минатата година.
👉 http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/4.1.19.11.pdf

✔️ Предвидената вредност на градежните работи во декември 2018 година е пет пати повисока во однос на истиот месец минатата година, додека бројот на издадени одобренија за градење е повисок за 13,6%.
👉 http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/6.1.19.06.pdf

✔️ Бројот на туристи во декември 2018 година се зголеми за 9,6% на годишно ниво, а во цела 2018 година е зголемен за 12,8%. Бројот на ноќевања во декември 2018 година е повисок за 9,8%, а кумулативно во 2018 година е повисок за 14,5% на годишно ниво.
👉 http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/8.1.19.03.pdf

✔️ Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален во однос на декември 2018 година, а зголемен во однос на јануари 2018 година.
👉 http://www.stat.gov.mk/pdf/2019/3.1.19.04.pdf

✔️ Во декември 2018 година индустриското производство во ЕУ и еврозоната забележа годишен пад од 2,7% и 4,2% соодветно.
👉 https://ec.europa.eu/eurostat/documents/2995521/9571785/4-13022019-AP-EN.pdf/83142383-24fb-463d-9c33-62dd7fa1bd2a?fbclid=IwAR1x1uD-QeXZkGx0p6u3cZ87BfXrOse2P1NdKwVaQqqq2btyFcmarkXHJLg

Продолжи со читање

Останато

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Објавено

на

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Продолжи со читање

Останато

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Објавено

на

Парламентарниот пратеник на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) поднесе оставка само неколку часа откако на колегите наивно им раскажал како спровел „социјален експеримент“, минувајќи покрај касата во продавница во близина на словенечкиот парламент и дека „набавил“ сендвич.

Сѐ почнало во средата кога пратеникот на владејачката партија Дариј Крајчич, за време на расправа за механизмите за контрола на прехранбените производи, сакајќи да ја разведри атмосферата, кажал дека механизмите на контрола добро дејствуваат ако сите им се придржуваат, но дека на надзорот секогаш нешто му се протнува и тоа го илустрирал со бизарна анегдота.

Тој кажал дека себеси јавно се пријавува бидејќи во локална продавница „отуѓил сендвич“ минувајќи покрај касата.

Чекав да платам, сигурно неколку минути, но на касата разговараа, а мене никој не ме забележуваше. Затоа излегов без да платам. И никој не потрча по мене иако имаат повеќе камери за видеонадзор“, кажал Крајчич, инаку доктор по шумарство на љубљанскиот универзитет кој претходно го водел државниот завод за заштита на природата.

Иако тој подоцна на новинари им изјавил дека не станувало збор за вистинска туку за виртуелна кражба, односно „социјален експеримент“ бидејќи потоа се вратил и го платил сендвичот и им се извинил на продавачките, Крајчич само неколку часа подоцна соопшти дека дава оставка како пратеник.Оставката е прифатена и во парламентот ќе го замени друг член на партијата која ја води премиерот Марјан Шарец.

Оставката ја прифативме. Крајчич е добар експерт, човек, колега, пријател и соработник, но во оваа прилика направил недозволив чин“, соопшти ЛМШ.

Ако во практика сакаме да ги спроведуваме принципите на нашата партија, тогаш за своите постапки мора да прифатиме одговорност, што го направи Крајчич со својата оставка. Тешко ни е поради тоа, но тоа беше негова самостојна одлука“, се додава во соопштението.

Прашањето е: КОЛКУ СЕНДВИЧИ НА ДЕН СЕ КРАДАТ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И КОГА БАРЕМ ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ ДОБЛЕСЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНЦКИЈАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВА?

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange