Business Man
Радован Витошевиќ поставен за директор на Југоисточна Европа на компанијата MyWorld


Генералниот директор на компанијата myWorld (мајВорлд), Радован Витошевиќ, е поставен за регионален директор на компанијата за Југоисточна Европа. Компанијата myWorld која изминатата година прослави 10 години постоење на македонскиот пазар успешно ги гради своите планови преку одлична менаџерска политика, а доказ за тоа е што управниот директор Радован Витошевиќ, придонесе за голем успех во myWorld Бугарија, myWorld Косово и myWorld Албанија како нивен регионален директор.
Компанијата myWorld се темели на неколку основни елементи на успешен шопинг екосистем како што се купувачи и трговци, мрежа на микро, мали и средни претпријатија, како и големи бизниси, онлајн и офлајн платформи. Од едноставна бенефит платформа, myWorld прераснува во светска сила во онлајн продажбата, услугите за патување и сместување, и полека влегува во индустријата на дигитален маркетинг. Под капа на оваа групација се повеќе брендови и индустрии: myWorld.com, marketplace.myWorld.com, travelWorld.com, Benefit Lounge, OneSense, @media, eVoucher и итн.
“Успехот во Македонија изминатите години и успешната бизнис приказна која ја градиме веќе 11 години, не само кај нас, туку и во Бугарија, Албанија и Косово, претставуваше мотив за мене и целиот тим да работиме напорно и посветено. Менаџментот на компанијата го препозна тоа, и резултатите кои ги постигнавме, беа причина да бидам назначен за регионален директор за Југоисточна Европа. Многу сум среќен што сега ќе имам прилика да придонесам за развој на останатите пазари во регионот и да продолжиме да ја шириме успешната приказна. Горд сум што сме пионери во лојалната индустрија и заедно со овие пазари од овој дел на Европа ќе поставиме нови стандарди на работа и ќе ја зголемуваме куповната заедница низ светот.” – изјави Радован Витошевиќ.
Неговото унапредување во регионален директор на Југоисточна Европа е сведоштво за неговата извонредна посветеност низ годините. Неговата експертиза во областа на бизнис и менаџмент ќе ја имплементира во своето менаџирање како регионален директор на вкупно 11 земји вклучително и Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора – предизвик којшто одлично го прифаќа со ентузијазам.
Компанијата myWorld Holdings Ltd. London во светот брои повеќе од 15 милиони членови кои можат да пазаруваат онлајн и да добиваат Cashback и Shopping поени преку својата лојална програма. За возврат, партнерите имаат корист од ефикасните програми за лојалност, што им помага да ја зголемат својата видливост. Повеќе од 150.000 партнери на над 50 пазари веќе ја користат програмата myWorld Benefit. Плановите на компанијата myWorld Holdings Ltd. London во наредниот период се да се зголеми бројот на партнери, комплетно да се дигитализираат и да понудат решенија кои ќе бидат први во светот.
Радован Витошевиќ, е добитник на неколку престижни награди, а прогласуван е за Менаџер на Годината од Men of the Year во 2020 и Business Elite’s “40 Under 40” во 2021 во Македонија, како и добитник на Business Class наградата во Бугарија. Радован е и најпродаван автор со книгата Будење на свеста, која претставува четиво за личен развој, a напишана заедно со неговата сопруга, Катерина Ангеловска, која е преведена на неколку јазици и успешно се продава преку сите светски платформи.
Business Man
Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје
Business Man
Руски банкар ја осуди „безумната“ војна во Украина


Рускиот милијардер и банкар Олег Тинков, основачот на интернет-банката „Tinkoff Bank“, на Инстаграм ја осуди оваа „безумна“ руска војна во Украина. (more…)
Business Man
НОВА ГОЛЕМА КРИЗА НА ПОВИДОК!? – Бил Гејтс ги продава акциите, знае ли нешто што другите не го знаат?


Бил Гејтс предизвика внимание со некои од неговите последни потези на берзите – тој продава голем дел од своите акции и го менува фокусот на инвестициите, што дел од експертите го гледаат како сигнал за нова можна криза на финансиските пазари. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје