Connect with us

Business Man

Радован Витошевиќ меѓу 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери до 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Оваа недела, во Истанбул беа доделени наградите на Бизнис елитата „40 под 40 години“, каде Радован Витошевиќ, главниот извршен директор на myWorld и регионален директор за Јужен Балкан (Македонија, Бугарија, Косово и Албанија) ја доби престижната интернационална награда „40 под 40 години“, како дел од 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години.

Водителот на церемонијата беше познатиот турски интерпретатор и глумец – Јусуф Емини (Yusuf Emini).

„Оваа награда претставува признание за мојата 15 годишна посветеност према работата, семејството, како и мојот придонес кон заедницата. Огромна благодарност до Business Elite’s “40 under 40” за ова признание и голема благодарност до myWorld што веруваше во мене во последните 10 години“ – изјави Радован Витошевиќ.

Радован е исто така докажан меѓународен претприемач и најпродаван македонски автор во 2020 година со бестселерот за личен развој – „Будење на свеста”.

Business Elite’s Awards претставува престижна програма за наградување и вмрежување на извонредни претприемачи и бизнис лидери, со мисија за проширување и зголемување на деловните можности и меѓународни соработки помеѓу бизнисите.

Наградите Business Elite се заштитен знак на Global Top Brand Awards, основани во 1985 година во Торонто, Канада и имаат за цел да идентификуваат извонредни поединци ширум светот кои се истакнуваат по својата посветеност и професионален успех.

Business Man

Колкав дел од богатството на Марк Закерберг се „стопи” со падот на социјалните мрежи!?

Објавено

на

Богатството на супербогатиот ко-основач на „Facebook”, Марк Закерберг се стопи за повеќе од шест милијарди долари за неколку часа по падот на цената на акциите на компанијата како резултат на критиките за нејзината политика, во комбинација со глобалниот колапс на пристапот до услугите. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Нашиот Бранко Стојкоски избран за еден од 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа

Објавено

на

Во вторникот во Истанбул, Турција, беа доделени наградите на Business Elite’s Awards „40 under 40”, каде Бранко Стојкоски, Раководител на експозитура на НЛБ Банка АД Скопје, беше награден меѓу 40-те најуспешни лидери во Југоисточна Европа до 40 години. Водител на церемонијата беше познатиот турски актер и изведувач Јусуф Емини. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Колку ќе заработи Хари Костов од дивиденда од Комерцијална банка?

Објавено

на

Вчерашниот ден донесе огромна радост за акционерите на Комерцијална банка, со оглед на фактот дека банката објави известување за исплата на дивиденда за 2020 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно