Connect with us

Компании

Раде Филиповски најдобар банкарски службеник на Штедилница Можности

Објавено

на

Традиционално, по повод Светскиот ден на штедењето, на 29-ти октомври, Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, Министерството за финансии и НБРСМ, одржа свечена седница на која се доделија признанија на 33 најдобри банкарски службеници избрани од банките и штедилниците, членки на Асоцијацијата.

Оваа година Штедилница Можности признанието за успешно работење и професионални достигнувања му го додели на Раде Филиповски – службеник во служба за управување со ризици.

Честитки и многу успех во понатамошното работење!

Компании

Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав

Објавено

на

Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!

Објавено

на

Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно