Компании
Работна средба на Македонската берза со Сојузот на стопански комори

По повод одбележување на годишнината од првиот ден на тргување на Македонска берза – 28 март 1996 година, главниот извршен директор на Македонската берза АД Скопје, Иван Штериев и неговиот тим ќе имаат работна средба со членките на Сојузот на стопански комори, предводени од претседателот на оваа Комора, Трајан Ангелоски.
Како што соопштуваат од Македонската берза, целта на средбата е бизнисмените одблиску да се информираат за можностите што ги нуди Берзата и македонскиот пазар на хартии од вредност, подетално да се запознаат со условите за котација на Берзата и моменталните пазарни сегменти, односно да го проследат берзанското тргување во живо и да видат како се склучуваат трансакциите со хартии од вредност.
Настанот е во заедничка организација на Берзата и Сојузот на стопански комори и се одржува во рамките на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу двете институции, а има за цел да го поттикне бизнис секторот своите инвестициски проекти да ги реализира и преку пазарот на капитал.
Средбата е и почеток на поинтензивна меѓусебна билатерална соработка во наредниот период, наведуваат од Македонската берза АД Скопје.
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)
Компании
Алкалоид АД Скопје – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

Компанијата „Алкалоид АД Скопје“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41% од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во “Алкалоид“. (more…)
Компании
Македонски Телеком продолжува со раст и фокус на инвестиции во новите технологии во првите три месеци на 2023 година

Во првиот квартал на 2023 година, Македонски Телеком продолжи со стабилен раст во сите сегменти, фокус на новите технологии и зголемување на бројот на корисници во сите сегмени. Приходите од продажбата се зголемени за 3,7 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 2,9 милијарди денари. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје