НБРМ
Работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите: Значително зголемен интересот за финансиска едукација

Нашата земја по вторпат е дел од Европскиот квиз на парите – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години. Активностите за успешно одржување на националното натпреварување веќе се во полн ек. Денес, во Народната банка се одржа работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта кои се пријавија за учество. На отворањето на настанот се обратија гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска, заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска и Маја Стевкова-Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација (МБА), којашто е и организатор на Европскиот квиз на парите во земјава.
„По големиот успех минатата година, кога нашите национални претставници го освоија второто место во Европа, верувам дека на годинешното издание на Квизот, сите му пристапуваме со поголем ентузијазам. Ова го потврдува и фактот што бројот на пријавени ученици, годинава е значително поголем.“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, по што одделно се осврна на предизвиците за подобрување на квалитет на човечкиот капитал со кој се соочуваме. „Според индексот на човечкиот капитал на Светската банка, доколку се продолжи со сеопфатни реформи во образовниот и здравствениот систем децата кои се раѓаат во тековниов период кога ќе наполнат 18 години би можеле да бидат попродуктивни за 50%.“ – посочи гувернерката. Ова, како што кажа таа, подразбира и потреба од вложување во финансиската едукација, особено на генерациите на дигиталното време.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека иницијативата на Европскиот квиз на парите носи повеќе придобивки во контекст на финансиската едукација, но и од аспект на образовниот процес во земјава.
„Оваа иницијатива носи повеќекратни придобивки. Првата е секако финансиската едукација, пренесувањето на знаењето од областа на финансиите на учениците од основните и средните училишта. Второ, квизовите, како начин за гејмифицирање на образовниот процес, го задржуваат интересот на учениците и можат поефикасно и ефективно да пренесат информации во некои случаи, во споредба на пример, со класичните методи. Трето, тоа е одличен начин за унапредување на процесот на менторство, односно на водството на ученикот од страна на наставникот. Изградбата на човечкиот капитал е од големо значење за нашата земја, а финансиската едукација игра важна улога од аспект на носењето на финансиски одлуки.“ – рече Ангеловска.
Претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, во своето поздравно обраќање упати голема благодарност до наставниците и професорите од основните и средните училишта од нашата земја за нивниот интерес за учество на Квизот.
„Минатата година на јавниот повик за учество на натпреварот се пријавија 145 одделенија, односно класови од основните и средните училишта од Република Северна Македонија, а оваа година 279. Тоа укажува дека вие ја препознавте важноста на знаењата за банкарството и финансиите за учениците, а и потребата за нивното совладување што порано“ – посочи Стевкова- Штериева. Таа додаде дека радува фактот што МБА и институциите се обединети во желбата за финансиската едукација на младото поколение, како и дека тоа што ја прави особено горда е фактот што финансиската едукација станува предизвик за учениците во земјава.
Заменик-министерката за образование и наука, Елизабета Наумовска, се надоврза на констатациите дека е неопходно во текот на образованието учениците да бидат информирани за постоењето и управувањето со финансиските ризици и дека возраста на учесниците на Квизот е идеален период од животот на секој поединец кога треба засилено да почне процесот на стекнување знаења од областа на финансиите.
„За надминување на предизвиците од финансиска природа, потребна е финансиска едукација. Ние, институциите на системот од оваа сфера, образовните установи и сите одговорни општествени чинители, сме должни финансиски да ги описменуваме младите и тоа и го правиме“ – порача Наумовска.
На работната средба беа презентирани одделните фази и беше извршена обука за учество во овој исклучително важен натпревар во знаења од областа на финансиите зад кој стои Европската банкарска федерација. Во нашата земја, носител е МБА во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, а активностите се спроведуваат со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука. На денешниот настан, со свои презентации се приклучија и другите регулатори на финансискиот систем.
Натпреварот за Европскиот квиз на парите ќе се одвива во три фази. Во првата половина на март ќе се одржат две интерни тестирања. Најдобрите на овие тестирања ќе настапат на националниот натпревар, којшто ќе се одржи на 23 март, по кој ќе бидат познати победниците – двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на финалето на Европскиот квиз на парите во Брисел.
Големиот број учесници на Квизот укажува дека значително е зголемен интересот за финансиска едукација особено кај помладото население и е поттик уште посилно да се продолжи со активностите во оваа сфера.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. (more…)
НБРМ
ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). (more…)
НБРМ
Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје