Connect with us

Останато

Работа од дома – актуелна потреба или идно трајно решение

Објавено

на

Пандемијата со корона вирусот која зафати поголем број држави во светот го промени начинот на живот и го натера населението да промени дел од своите секојдневни навики. Рестриктивните мерки што ги воведоа дел од земјите во борбата против ширењето на вирусот, ги принудија работодавачите да го променат начинот на организација на работа и да ги насочат вработените да работат од дома.

Се поголем е бројот на компании кои функционираат онлајн, а нивните вработени ги извршуваат работните задачи од дома. Пандемијата всушност ги натера луѓето да сфатат дека многу работи може да се завршат од дома без одење на работа и присуство во канцеларии.

Така, компанијата „Twitter” им кажа на своите вработени дека доколку сакаат можат доживотно да работат од дома. Оние кои сакаат, ќе може да се вратат во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

– Во изминатите неколку недели се покажа дека можеме да работиме на овој начин. Затоа, ако нашите вработени имаат услови и сакаат да работат од дома засекогаш, ние ќе им го овозможиме тоа, соопшти „Twitter”, компанија која има над 4.000 вработени низ светот.

Сличен став заземаа и „Facebook” и „Google” чии работници до крајот на годината ќе работат од дома.

Можноста да се работи од дома ги натера дел од државите да размислуваат ваквиот начин на работа да го преточат во закон по завршување на пандемијата. Ваква идеја изнесе германскиот министер за работа Хубертус Хајл, кој има намера да предложи воведување на законското право на работа од дома во случаи кога тоа е возможно.

Кај нас засега не се размислува за вакво нешто, иако поголем дел од компаниите беа принудени поради новонастаната состојба со Кобид 19 да го применуваат овој начин на работа.

Неодамнешното истражување што го спроведе Сојузот на стопански комори, во кој членуваат над 24.000 главно микро, мали и средни претпријатија, покажа дека 80 проценти од компаниите немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн.

„Од сите претпријатија вклучени во истражувањето, 80 проценти се изјасниле дека немаат можност да ја вршат својата работа од дома или онлајн, а на прашањето дали бараат алтернативен начин за остварување на нивната дејност 70 проценти се изјасниле дека не е можно да ја вршат нивната дејност на алтернативен начин, 19 проценти од нив бараат алтернативни начини, а 11 проценти не бараат друг начин”, вели Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на ССК.

Истражувањето на ССК покажа и дека поради кризата предизвикана од ковид-19, претприемачите генерално се соочуваат со намален обем на работа и со големи штети во работењето, а голем дел од нив не се во можност да се задолжуваат со нови кредити на веќе постоечките за да ја пребродат кризата. Засега, најголем процент од нив се уште не го намалиле бројот на вработени, но дури 46 проценти се изјасниле дека планираат да го намалат бројот на вработени доколку немаат ликвидност и средства да ги исплатат платите и трошоците.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно