Connect with us

Домашни банки

Пуштен во употреба TOPSI Pumptrack – донација од Стопанска банка АД – Скопје за Град Скопје

Објавено

на

Веќе пет години по ред Стопанска банка АД – Скопје во партнерство со Град Скопје инвестира во развојот на вело-културата преку кампањите #ВозиПравоВозиЗдраво, но и преку донациите на внимателно, избрана урбана опрема за градот.

Овојпат, по неколку месеци интензивна работа, завршен е и пуштен во употреба велодром TOPSI pumptrack во Градскиот парк, веднаш до паркингот кај Сточарскиот институт.

Оваа локација сега добива нов модерен изглед, исполнета со забавни и рекреативни содржини. Градот Скопје на сето ова се надоврза со осветлување, хортикултурно уредување и фонтана за вода, а целосно беше реконструиран и големиот паркинг кој го користат посетителите на Градскиот парк.

При посетата на локацијата, Претседателот и членовите на Управниот одбор од Стопанска банка АД – Скопје и Градоначалникот на Град Скопје, се промовираше и пушти во употреба TOPSI Pumptrack кој ќе придонесе младите генерации се повеќе да го користат својот велосипед и за забава, но и како превозно средство.

Претседателот на Управниот одбор, Г. Диомидис Николетопулос при посетата изрази задоволство што брендот Стопанска банка АД – Скопје се повеќе станува синоним за соработка со заедницата, инвестирањето во подобра животна средина и граѓанска активност. „Благодарение на заложбите на нашите вработени, како компанија живееме и делуваме проактивно и се менуваме заедно кон подобро.”, изјави Диомидис Николетопулос.

Градоначалникот на Град Скопје, Г. Петре Шилегов исто така изрази задоволство од повеќегодишната соработка со Банката и нагласи дека Градот ја исполнува својата визија за подигнување на квалитетот на живот за граѓаните преку збогатување на содржините достапни посебно за помладите генерации, инвестирање во инфраструктурата, во животната средина и преку модернизирање на транспортот. „Преку сите овие проекти, континуитетот и заложбата на тимот, Градот е целосно во функција на своите граѓани.”, додаде градоначалникот Шилегов.

Стопанска банка АД – Скопје ги поканува граѓаните на Скопје да го посетат велодромот, да уживаат и да помогнат во зачувување на патеката и содржините со што ќе се охрабрат и за идни донации во ваков вид на урбана вело опрема.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно