Connect with us

НБРМ

Пуштена во оптек кована пара за колекционерски цели „Близнаци” од серијата „Хороскопски знаци”

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Близнаци” од серијата „Хороскопски знаци” („Службен весник на Република Македонија” бр. 46/18).

Кованата пара „Близнаци” од серијата  „Хороскопски знаци” ги има следниве карактеристики:

–       на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Близнаци. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018″. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија” и „100 денари”.

–       на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на близнаци од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum”, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак близнаци и неговото соѕвездие, претставена на монетата, преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак близнаци. Во долниот дел е претставена златна слика на близнаци, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – GEMINI, а на левата страна, ознаката Ag 925.

Кованата пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Близнаци” изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија  www.nbrm.mk во делот Ковани пари за колекционерски цели.

НБРМ

Гувернерката на НБРМ оствари средби со високи претставници на ММФ и Светската банка

Објавено

на

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), оствари средби со високи претставници на двете меѓународни институции, вклучувајќи средби со извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, извршниот директор на СБ, г. Франк Хемскирк, потпретстедателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Тевдовски на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Индонезија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Учество на гувернерката на Народната банка на научна конференција на МАНУ во Охрид

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија учествуваше на научна конференција со наслов: „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“, којашто се одржа на 4 и 5 октомври во Охрид, во организација на Македонската академија на науките и уметноститеа поддржана од Владата на Република Македонија,  Народната банка на Република Македонија и Стопанската комора на Македонија. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange