Останато
Путин: Печатењето долари за покривање на буџетскиот дефицит на САД влијае на целата глобална економија


„Печатењето на голема количина на американски долари за покривање на буџетскиот дефицит на САД влијае на целата светска економија”, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, инфлацијата во САД надминала 5,0 проценти, додека проектираната стапка на инфлација се движи околу 2,0 проценти. САД веќе две години по ред прават буџет со дефицит од 15 проценти, пренесува агенцијата „ТАСС”.
„Значи, тие го покриваат овој дефицит за сметка на што? На сметка на емисијата на доларот. Од тука доаѓа инфлацијата“, рече Путин, отворајќи состанок за економски прашања, на кој присуствуваа највисоките руски финансиски, економски и монетарни претставници.
Тој додаде дека, се разбира, тоа целосно влијае на целата светска економија, имајќи ја предвид важноста на американската економија за целиот свет и улогата на доларот како најголема, најбарана резервна валута.
Путин ги повика учесниците на состанокот да се фокусираат на начинот на кој руската економија ќе ги надмине последиците од пандемијата на коронавирусот.
„Гледаме дека глобалното економско закрепнување генерално продолжува со прилично високи стапки, но овој процес е исто така поврзан со ризиците од инфлација“, додаде тој.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје